Едноставен колач со предобар вкус. Колку подолго стои, толку е повкусен.

Потребни состојки: 550 г брашно, 1 прашок за печиво, 1 лажица шеќер, на врв од лажичката сол, 200 мл масло, 200 мл пиво и малку ореви

За прелив: 1,5 чаша шеќер (300 г), 1,5 чаша вода (300 мл), 1 ванилин шеќер, малку лимон и 100 г мелени ореви за наросување

Постапка: Во еден подлабок сад ставете 550 г брашно, 1 прашок за печиво, 1 лажица шеќер и прстофат сол. Промешајте да се изедначат состојките. Во мешавината од суви состојки додадете 1 чаша (200 мл) масло и 1 чаша пиво.

Мешајте со лажица додека да добиете убаво тесто, а потоа продолжете да месете со рака. Тестото не треба да биде ниу премногу меко, ниту премногу тврдо.

Од тестото откинувајте парчиња со величина на орев, формијте топче кое ќе го сплескате со дланките, во средина ќе ставете оревче и повторно ќе формирате топче или ружичка.

Вака формираните колачи редете го во плех обложен со хартија за печење. Ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени, приближно околу 20 минути.

Додека се печат колачите, пригответе го сирупот: на оган ставете 1,5 чаша (300 г) шеќер, 1,5 чаша (300 мл) вода и еден ванилин шеќер. Кога ќе зоврие оставете да се вари уште 5-6 минути. Исклучете и додадете неколку тркалца исечен лимон.

И колачот и сирупот треба да бидат врели. Извадете го колачот од рерна и оставете го 3-4 минути да подизлади.

Потоа секое колаче ставете го во сирупот 20-тина секунди од едната и уште 20-тина секунди од другата страна. Натопените колачи валкајте ги во мелени ореви.

Деталите околу постапката можете да ги погледнете во видеото: