Колач „Три чаши“ – најбогатиот јаболков десерт за 5 минути подготовка и печење
Овој брз и сочен јаболков колач се подготвува со сува смеса и изобилство свежи јаболка, кои за време на печењето ја ослободуваат својата природна влага и го прават тестото кремаво.
Без јајца, без миксер – само едноставни продукти од кујната и малку труд за неверојатен резултат, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки
1 чаша брашно (130 г)
1 чаша гриз (160 г)
1 чаша шеќер (180 г)
1,5 лажичка прашок за печиво
1 пакетче ванилин шеќер (10 г)
50 г путер (или маргарин)
1 чаша млеко (200 мл) (или растително за посна верзија)
6–7 средни јаболка
1 лимон
НМД


Постапка
1. Во поголем сад измешајте ги сувите состојки: брашното, гризот, шеќерот, прашокот за печиво и ванилинот шеќер. Измешајте со жица додека смесата стане еднолична. Одокативно поделете ја на 4 дела.
2. Јаболката излупете ги, отстранете ги семките и изрендајте ги на крупната страна од рендето. Посипете ги со сок од 1 лимон и промешајте. Одокативно поделете на 3 дела.
3. Во тенџере сипете 1 чаша млеко и 50 г путер и ставете на оган да се растопи. Земете сад за печење со дијаметар 22–24 см, а ѕидовите премачкјате ги со путер и обложете ги, исто така со хартија за печење.
4. На дното ставете 1/4 од сувата смеса и рамномерно распоредете. Преку неа наредете 1/3 од ренданите јаболка. Израмнете.
5. Повторете ја постапката наизменично распоредувајќи од сувата смеса и преостанатите јаболка.
6. Конечно, сипете ја последната четвртина сува смеса и израмнете со лажицата.
7. Одозгора рамномерно прелејте го со загреаната мешавината од млеко и путер.
8. Со виљушка избоцкајте го за течноста подобро да се впие низ слоевите.
9. Печете во загреана рерна на 180 °C околу 40–45 минути, додека површината добие златна боја.
10. Оставете да се излади 10–15 минути пред сечење – така ќе се формира кремавата текстура.
Сервирајте топол или на собна температура. Уживајте! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:












