Колачот наречен свекрвино око или снежна топка стана многу познат на интернет само заради неговиот интересен изглед. Не треба печење и се подготвува многу лесно, а со сигурност ќе уживате не само во вкусот туку и додека го подготвувате бидејќи начинот на кој се спојуваат сите состојки е извонредно интересен.

Се состои од 3 слоја, најдолниот слој се состои од смокви и лешници, средишниот слој е белата смеса, а на крајот завршува со чоколадна смеса. На изглед е слично на бомбица наросена со кокос. Но, овој колач се сервира така што на крајот ќе го поделите на половина или четвртина за ”окото” да дојде до израз.

Фотографија на Бориќ Верица

I РЕЦЕПТ – Потребни состојки: 300 г мелени бисквити, 200 г суви смокви, 150 г мелени ореви, 100 г јатки по ваш избор (најидеално за овој рецепт се ореви). За белиот слој: 150 г шеќер, 100 мл вода, 125 г маргарин, 125 г млеко во прав. За кафениот слој: 150 г шеќер, 100 мл вода, 150 г маргарин, 150 г млечно чоколадо, 300 г мелени бисквити и 50 г кокос.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: Во посебен сад измелете ги бисквитите и оревите. На смоквите се сечат рачките и се оставаат во врела вода да омекнат околу 15 минути. За белиот слој: На оган ги ставаме во сад водата и шеќерот да зовријат неколку минути и правиме шербет.

Кога ќе се добие густа смеса, во шербетот го додаваме маргаринот, а кога ќе се стопи, додадете кокос и млеко во прав, измешајте малку и матете со миксер за масата да се згусне малку, за да може да се обликува со рака.  Мешаме додека да се стопи и соедини смесата.

За чоколадниот слој: Правиме шербет како и претходно, а кога ќе се стопи шеќерот додадете го маргаринот и чоколадото, мелените бисквити и измешајте добро и оставете малку да се излади. Направете тесто од двете смеси и поделете ги на 15 еднакви делови и добро разредете го секој дел помеѓу дланките.

Се отвара/сече една смоква и се ставаат две половини орев, па ја затвараме, и така правиме со сите смокви. Со белата смеса ја обвиткувате смоквата, а со чоколадната смеса ја обвиткувате белата бомбица.

На крајот, топчињата се тркалаат во кокос и се оставаат во ладилник да отстојат некое време. Кога добро ќе се затегнат, се сечат на половина или четвртина по желба. Кога ќе се пресечат на пола, внатре делуваат како да има око од смоквата и оревот, па затоа и го добиле ова име. / Coolinarika.com

II РЕЦЕПТ – Драги мои, многу брз а одличен колач, излегува доста, а самиот вкус е приказна за себе. Кога ќе го направите и пробате, ќе ви биде јасно. Ммммм њами, њами… Уживајте, поздрав до сите – Рецепт и видео презентација на “Sace Recepti” – Свекрвино око.

Потребни состојки: 500 г суви смокви, 150 г мелени ореви, 100 г путер, 200 г шеќер, 1 шолја вода од 250 мл, 300 г мелени кекси. За полнење 150 г цели јатки ореви, 150 г мелени ореви за валкање (може и во кокос, мелени кекси или нешто по ваша желба).

Постапка: Од смоквите отсечете им ги дршките, а потоа прелијте ги со малку вода и оставете ги на страна за да омекнат и да се испере од нив вишокот шеќер. Ако се посуви и тврди оставете ги вака да отстојат 20-тина минути, но моите беа меки, па ќе ги оставам пократко време.

Во едно тенџере ставете вода и шеќер, па ставете го на оган да зоврие и да се свари сируп. За тоа време путерот или маргаринот исечкајте го на листови. Штом сирупот зоврие, додадете го исечениот путер и промешајте да се растопи, па додадете ги и мелените ореви.

Ринглата можете да ја исклучите, но оставете го тенџерето и брзо мешајте за да се соединат сите состојки. Потоа додадете ги мелените кекси, тргнете го тенџерето од оган и продолжете со мешање додека да се изедначи смесата и згусне. Смесата треба да е доволно гиста за да може да обликува со раце.

Добиената смеса претурете ја во посебен сад за побрзо да се олади, а за тоа време пригответе ги јатките од орев. Смоквите процедете ги, па на секоја смоква направете вдлабнување од страната каде претходно сте ја засекле за да ја отстраните дршката.

Секоја смоква полнете ја со јатки ореви, во зависност од големината колку што собира. Потоа земете од смесата мало парче, направете топче па исплескајте го меѓу дланките, ставете ја во средина полнетата смоква и обложете ја од сите страни со смоквата.

Со дланките формирајте едно поголемо топче, па валкајте го во мелени ореви или мелени кекси, кокос или нешто по ваш избор. Откако топчињата добро ќе изладат, можете да ги сечете на половинки пред сервирање. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.