Ако ги сакате десертите со кокос, тогаш овој рецепт не пропуштајте и испробајте го. Ќе приготвите совршено сочен, кремаст и превкусен колач. Имаме два предлози за овој колач, рецептот на Мартина Кајкич и вториот кој е многу сличен, со малку поразличен сооднос на состојките. Еве што ви е потребно:




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за бисквит: 6 белки, 230 г шеќер, 50 г кокосово брашно, 100 г обично брашно, 1/2 кесичка прашок за печиво, 200 мл млеко. ЗА КРЕМ: 6 жолчки, 1 литар млеко, 3 кесички пудинг со вкус на ванила (120 г), 4 супени лажици брашно, 15 супени лажици шеќер, 150 г маргарин или путер, 200 мл слатка павлака и кокос за посипување

рецепт и фото: Мартина Кајкич




РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за бисквит: 6 белки, 250 г шеќер, 50 г кокосово брашно, 100 г обично брашно, 1/2 кесичка прашок за печиво, за залевање на кората: 200 мл млеко. ЗА КРЕМ: 6 жолчки, 2 кесички пудинг со вкус на ванила (80 г), 4 супени лажици брашно, 15 супени лажици шеќер, 1 литар млеко, 250 г путер или маргарин

рецепт 2




ПОСТАПКА за рецепт 1: белките изматете ги во цврст снег, постепено додавајте го шеќерот и матете додека тој да се растопи, а снегот да стане сјаен. Брашното помешајте го со прашокот за печиво, па додајте го постепено (најдобро просеано) во снегот од белки и мешајте со лажица или жица маталка.




На ист начин додајте го и кокосовото брашно, па мешајте со превртување на смесата од долу кон нагоре, додека да се изедначи. Смесата за бисквит истресете ја во калап со димензии 35х20 см (или слични домензии), распоредете рамномерно, израмнете и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени.




Печениот бисквит избоцкајте го со виљушка или дрвена чепкалка, па залијте го со 200 мл млеко. Оставете настрана да се лади и убаво да го впие млекото. Настрана жолчките изматете ги со шеќерот, па додајте го прашокот за пудинг, брашното и 200 мл млеко за да се растворат убаво состојките и да нема грутчиња.




Остатокот од млекото (800 мл) сипете го во тенџере и ставете да се загрева на оган. Кога ќе зоврие намалете ја температура, па полека турете ја изматената смеса со жолчки и пудинг, во тенок млаз додека непрекинато мешате. Варете го кремот додека да згусне, па тргнете го настрана или претурете го во друг сад и оставете да се олади.




Во оладениот пудинг додајте путер омекнат на собна температура и претходно исечкан на листови, па заедно изматете ги додека целосно да се соединат во нежен крем. Посебно изматете 200 мл слатка павлака во шлаг, па додајте го во кремот лажица по лажица и нежно мешајте до изедначување.




Врз оладениот бисквит распоредете го кремот, израмнете и одозгора наросете со кокосово брашно. Пред послужување добро изладете. Следи постапката за вториот рецепт:

ПОСТАПКА за рецепт 2: пенасто изматете ги белките, па кога ќе згуснат, започнете постепено да го додавате шеќерот додека непрекинато миксате. Кога ќе добиете цврст снег, додајте ги брашното, кокосот и прашокот за печиво. Изедначете со лажица или шпатула, па печете во калап со средна големина (намастен и набрашнет или обложен со хартија) во загреана рерна на 150-170 степени, 10-15 минути.




Печениот бисквит додека е врел залијте го со 200 мл ладно млеко и оставете да се олади. Половина литар млеко заедно со шеќерот ставете на оган да се вари. Во преостанатите 500 мл млеко додајте ги сите наведени состојки освен маргаринот. Сварете го кремот на вообичаен начин додека да згусне, па оставете да се олади. Потоа пенасто изматете го заедно со омекнатиот маргарин/путер. Кремот нанесете го врз оладениот бисквит и одозгора наросете кокос. / Сооlinarika.соm