Колач со бадем и ванила крем

Состојки:

За пандишпан:

• 500 г брашно за колачи од Жито Лукс

Loading...

• 5 лажици шеќер

• 150 мл млеко

• 120 мл масло

• 4 јајца

• 150 г мелени бадеми

За крем:

1 пакување пудинг од ванила

150 мл слатка павлака

2 лажици екстракт од ванила

Подготовка:

Во сад се матат јајцата и шеќерот. Се додава млекото и маслото. Во смесата се додава брашното измешано со мелените бадеми. Сè убаво се меша.

Вака подготвената смеса се става во коцкест плех обложен со хартија за печење. Се пече во загреана рерна на 220 °С 25-30 минути. Се остава да се излади. За кремот, се подготвува пудингот според упатството и се остава во фрижидер да се излади.

Во сад се мати слатката павлака со екстрактот од ванила, па се додава во изладениот пудинг. Се меша за да се добие хомогена смеса. Изладениот пандишпан се сече на половина.

Долната кора се премачкува со 2/3 од кремот. Одозгора се става втората кора и се премачкува со останатиот дел од кремот. Се декорира со истолчени и тостирани бадеми.

Loading...