Кога наидов на овој рецепт од „Десерт за сите јадења“ си го запишав веднаш и при првата можност го направив за сестра ми која се врати од странство да ја изненадам. Таа ми рече дека колачот се топи во уста и веднаш да ѝ го препратам рецептот.




Потоа, тaa го споделила и со некоја нејзина пријателка, а истовремено и домашните дома ми кажаа дека го обожаваат. Затоа решив да го споделам со сите, бидејќи имав многу пофалби за овој шербетен колач кој се прави на малку поразличен начин, во тенџере на пареа. Еве кои состојки ви се потребни:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 4 банани, 400 мл млеко, 100 г шеќер и топла вода по потреба. Базичните состојки за рецептот може лесно да ги запомните бидејќи сите „одат по 4“, освен шеќерот кој се додава помалку, само 100 грама или по вкус.




ПОСТАПКА: Во еден сад скршете 4 јајца и изматете ги со жица/маталка сосем малку колку да се соединат белките и жолчките. Потоа излупете ги бананите (кои треба да бидат средни, ни многу зрели, ниту зелени) и исечкајте ги на ситни кругови и ставете ги во блендер заедно да се соединат со разматените јајца.




Изблендирајте ги состојките, почнувајќи од најмала кон најголема брзина додека целосно да се формира течна и еднолична смеса без грутки. Во оваа смеса прелијте го млекото и продолжете со блендирање до потребната течна конзистентност. Ќе ви биде потребно 400 мл млеко.




За шербетот: Во едно нелепливо тавче на ниска температура ставете го шеќерот и со шпатула повремено мешајте додека да се растопи и карамелизира. Кога ќе стане течен и ќе ја промени својата боја, тргнете од шпорет и течниот шеќер прелијте го во едно повисоко тенџере.




Добро распоредете го низ целата површина на дното, а одозгора прелијте ја смесата со јајца, млеко и банани. Тенџерето се става на пареа врз друго тенџере кое претходно сте го наполниле со вода и сте ја зовриле.




Покријте со соодветниот капак и оставете да се готви 45-50 минути без да го вадите капакот. По изминатото време, тргнете го тенџерето од тоа што ви е на пареа и врз него поставете чинија за да го превртите колачот, без да ви се распадне.




Потоа внимателно префрлете го на чинијата и оставете малку да се излади пред да послужите со сечење на парчиња. Многу вкусно и брзо. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.