ХИТ ЈОГУРТНА САЛАТА: Кафеански рецепт, кога ќе ја направите, ќе ви стане ОМИЛЕНА

Идеална салата за секој период од годината, особено кога надвор е топло за да ве освежи. Кога го видов рецептот на Валентина, одлучив веднаш да го испробам и не се покајав. Сите бевме воодушевени, бидејќи вкусот е предобар.




Ако ја направите, верувајте дека целата ќе се изеде, така беше кај мене дома и после пак ја направив ама во двојна доза. Покрај оваа салата, нема да ви треба ништо друго за ручек, а највкусна е кога ја комбинирам со парче потпечено лепче или тестенини. Еве кои состојки ви се потребни:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 300-400 г моркови, 3-4 лути пиперки, 3-4 обични пиперки, 1 модар патлиџан, 2-3 варени јајца, 800 г грчки јогурт, 4-5 чешниња лук, малку масло и зачини (сол, црн пипер, оригано, црвена зачинска пиперка…)




ПОСТАПКА: Морковите излупете ги и отстранете им го коренот. Потоа на најкрупната страна од рендето изрендајте ги на една дрвена даска. Чешнињата со лук се сечкаат на половина или на поситно ако сакате, па се ставаат да се пропржат во претходно загреано масло (може маслиново) на ниска температура.




Лукчињата за кратко време ќе ја испуштат својата превкусна арома, па пред да станат кафеави, извадете ги од маслото во помал сад. Во тавчето додајте го изренданиот морков. Во меѓувреме, извадете го горниот дел на модриот патлиџан и излупете го, па потоа исечкајте го на средни коцки.




Вака подготвениот модар патлиџан се става во еден сад со вода да ја отстрани својата препознатлива горчина. Пропржениот морков се вади во посебен сад. Потоа преминете на подготовка на пиперките. Пиперките се сечкаат на покрупни парчиња (лутите и благите), па се ставаат во истото тавче да се запржат, односно додека да омекнат, па се складираат настрана.




Модриот патлиџан исцедете го од водата во која се киснеше, па пропржете го на истиот начин, како и претходните состојки. Морковот и лукчето соединете ги, па зачинете ги по ваш вкус со малку сол и црн пипер.




Измешајте, па одозгора прелијте со 600 г грчки јогурт, измешајте додека салатата да стане кремаста и зачинете ја по потреба. Во еден подлабок сад, огноотпорен, излејте половина од смесата со моркови и лукче и рамномерно распоредете ја.




Одозгора наредете ги пропржените пиперки, распоредете ги, па веднаш потоа ставете ги и доматите. Излејте уште малку од кремастата смеса со моркови, но оставете си повеќе за на крај. Наредете неколку парчиња од претходно сварените јајца, исечкани на кругови, па прелијте со уште 200 г грчки јогурт.

На крајот, прелијте со остатокот од кремастата смеса и декорирајте ја со уште неколку варени јајца, наместени во круг, коцка или некоја друга форма која ви се чини интересна. Може да декорирате и со малку магдонос, копар, оригано итн. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаБРЗИ КРОФНИ од рерна: златни, меки и сочни – без длабоко пржење во масло
Следна статијаКОЛАЧ сè по 4: Шербетен колач кој се прави на поразличен начин, сите пофалби за рецептот