Колач од тиква, чоколадо и ореви, само се меша и пече – Вкусно задоволство за добро расположение

Фото и рецепт: Татјана Чукиќ – Колач од тиква и чоколадо

Овој колач е чисто задоволство. Брзо и едноставно се приготвува, одлично одговара со кафе или чај, многу е вкусен, пробајте го.

Јас користев црно чоколадо со висок процент на какао, но може да се користи и обично чоколадо за готвење. Меѓутоа, колку е поквалитетно чоколадото, толку е поинтензивен вкусот.

Потребни состојки:

200 г црно чоколадо
70 г брашно
1 рамна лажица прашок за печиво
1 прстофат сол
3 јајца
150 г крупно сечкани ореви
300 г сурова тиква
1 лажичка цимет

Постапка:

Тиквата исчистете ја и ситно изрендајте ја. Чоколадото растопете го на пареа (може да го искршите на коцки, да го ставите во кеса за замрзнување, а потоа кесата да ја ставите во врела вода, додека да се растопи чоколадото. После само дупнете ја кесата и истискајте го чоколадото. Но, може да го растопите и на класичен начин).

Во подлабок сад измешајте ги сувите состојки: брашно, сол, цимет и прашок за печиво. Промешајте добро, па во средината направете вдлабнување и додадете ги јајцата.

Изматете со жица убаво додека да добиете мазна смеса без грутчиња. Додадете ја ренданата тиква, растопеното чоколадо и оревите. Промешајте со шпатула или лажица додека да се изедначат состојките, па смесата излејте ја во намастен калап. Јас го печев во правоаголен калап, 10х20 см.

Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, околу 40 минути. Доколку го печете во нешто поголем калап, а тестото е потенко, тогаш колачот печете го пократко време.

Во секој случај, каков и да одберете калап за печење, на крај проверете со чепкалка дали е доволно печен колачот. Изладениот колач извадете го од калапот и по желба прелијте го со чоколадна глазура или наросете го со шеќер во прав.

Фото и рецепт: Татјана Чукиќ

Претходна статијаМесено сукано за убав ден – пита мека како душа
Следна статијаПењурлија пита – мека и вкусна, мириса на детство…