КОЛАЧ НА ЧАША: Измешајте за 5 минути и печете!

Поедноставно не може! Ова е рецепт за колач кој можете да го направите без вагање и комплицирани техники – само измешајте ги состојките за што ви е потребно буквално 5 минути!

Потребни состојки:

Се користи чаша од 200 мл

1 чаша шеќер

1 чаша брашно

1 чаша мелени лешници или ореви

1 чаша кисела павлака

½ чаша какао

½ чаша масло

1 ванилин шеќер

1 прашок за печиво

4 јајца

Постапка:

Сите состојки ставете ги во еден сад и изматете со миксер: јајца, шеќер, брашно, мелени лешници, какао, кисела павлака, масло, прашок за печиво и ванилин шеќер.

Смесата истурете ја во длабок плех обложен со хартија за печење.

Печете на 170 степени околу 45 минути.

На крај можете да додадете одозгора чоколадна глазура или едноставно да наросите шеќер во прав. И тоа е тоа!

сoolinarika.com