Фото и рецепт: Светлана Карепетровска Македонска

Рецептот за овој навистина примамлив колач ни го претстави нашата драга членка, почитуваната Светлана Карепетровска Македонска во групата НМД рецепти. Светле секогаш презентира оригинални и впечатливи рецепти на кои тешко можете да им одолеете.

Потребни состојки:

4 јајца
100 г шеќер
1 ванилин шеќер
180 г млеко (се мери со мензура)
180 г масло (-//-)
180 г брашно (-//-)
2 лажици какао
1 прашок за печиво

За фил:

1 литар млеко
100 г шеќер
4 лажици густин
3 лажици брашно
1 капаче екстрат од ванила
250 г бисквити и неколку лажици мармалад по желба

Постапка:

Се матат јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер, додека да стана пенасти. Потоа се додава млекото и маслото се мати уште малку.

Се мешаат брашното, какаото и прашокот за печиво, па се додаваат во смесата со јајцата, се меша до изедначување.

Добиената смеса се излева во намастен плех и се става да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 20 мин.

Откако ќе се испече се остава 10 мин да се олади и рамномерно се полева со 200 мл ладно млеко. Се премачкува со мармалад по целата површина и врз него се редат бисквитите.

Врз бисквитите се става филот а врз филот  се наросува какао.

За фил: Во 200 мл млеко се размешува густин, брашно и ванила, убаво да нема грутчиња. Остатокот од млекото со шеќерот се става на оган, па откако ќе зоврие во него се додава разматената смеса со постојано мешање.

Се вари додека да згусне, а потоа се трга на страна и се остава да излади со повремено промешување за да не фати коричка (или ставете проѕирна фолија).

Фото и рецепт: Светлана Карепетровска Македонска