Колач без мерење и вагање: јогуртен колач со малини

Колачот е превкусен, брзо и многу едноставно се приготвува!

Потребни состојки:

4 јајца
1,5 шолја брашно
1 шолја шеќер
1 шолја јогурт
½ шолја масло
½ прашок за печиво
1 лимон – рендана кора
125 г малини

Постапка:

Одвојте ги жолчките од белките. Жолчките пенасто изматете ги заедно со шеќерот. Потоа додадете јогурт, масло, брашно измешано со прашок за печиво и рендана кора од лимон по вкус.

Посебно изматете ги белките во цврст снег, и внимателно промешајте го со претходната смеса.

Калап или тепсија со средна величина намастете со масло или путер и наросете со брашно. Излејте ја смесата и израмнете. Одозгора на врвот набоцкајте малини и печете околу 25 минути во рерна загреана на 200 степени.

Loading...