Домашен бурек со готови кори, многу е вкусен, како да е направен од врвен мајстор!

Фото и рецепт: Јованка Ана Ризовска

Потребни состојки:

2 пакувања готови кори
350 мл вода
100 мл масло (јас користев маслиново)
Сол по вкус ако сирењето не е доволно солено
500-700 г сирење (јас користев Danish, меко но не се топи при печење)
3 јајца
Масло или путер за намастување на тепсијата

Постапка:

За овој бурек јас употребив две пакувања готови кори (Filo pastry) и поголема и подлабока тепсија.

Најпрво се приготвува смесата што се користи за прскање на корите: 350 мл вода со 100 мл масло (јас користев маслиново). Тепсијата се намастува и се реди со два слоја кори.

Се прскаат корите и се ставаат уште две кори за да биде подебелко и да го држи сирењето. Потоа се става малку сирење по желба, и повторно се редат по две кори.

Овојпат јас ги истуткав и ги искинав корите низ тепсијата, кои и повторно се напрскуваат со мешавината од вода и масло. Се става сирење и се повторува постапката се додека има состојки.

Се ставаат 4 кори одозгора за убаво да се покрие тавчето. Секоја кора се попрскува со вода и масло.

Во сирењето јас ставив три јајца и убаво ги измешав, а количината вие сами прилагодете ја според вашиот вкус и желба.

Рерната се загрева на 200 степени (мојата има и вентилатор) и се става бурекот да се пече околу 20 минути, или печењето прилагодете го според вашата рерна.

Печениот бурек се превртува и се пече уште 20 минути, но доколку веќе фатил убава кора, се покрива со фолија за да не изгори одозгора а убаво да си изврие одвнатре.

Кога ќе се извади печениот бурек, убаво е да се покрие со влажна крпа за да не пукаат горните кори при сечењето, но ние бевме нестрпливи и веднаш го исековме за да го јадеме.

Домашен бурек (Фото и рецепт: Јованка Ана Ризовска)

Домашен бурек (Фото и рецепт: Јованка Ана Ризовска)

Loading...