Кокос ванилици со пудинг – чисто уживање, фантазија од вкус. Фотографија и рецепт на Ранкос. Прекрасно ровко тесто со кокос за кекси споени со пудинг – чисто уживање и права фантазија од вкус.

Потребни состојки: 200 г путер/маргарин, 200 г шеќер, 2 ќесички ванилин шеќер, 100 г кокосово брашно + 1 ќесичка пудинг од ванила, 1 прашок за печиво, 2 јајца, 100 мл јогурт и 450 г брашно. За фил: 1 ќесичка пудинг од кокос, 3 лажици шеќер и 400 мл млеко. За наросување: 100 г шеќер во прав и 1 ќесичка ванилин шеќер.

Постапка: Во подлабок сад ставете ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер, па добро изматете со миксер. Додајте ја омекнатата маст, јајцата, јогуртот и повторно изматете со миксер. Додајте кокос и пудинг од ванила, па изматете да се изедначи.

Брашното измешајте го со прашок за печиво. Половината додајте ја во смесата и изматете. Потоа тргнете го миксерот, па постепено додавајте го остатокот од брашното и замесете меко тесто нелепливо под раце.

Тестото завиткајте го во фолија и оставете го во фрижидер да отстои половина час до еден час за убаво да се стегне. За тоа време сварете го пудингот од кокос и оставете го да излади.

Тестото развлечете го на набрашнета површина со дебелина приближно околу 4 мм. Со калап за ванилици вадете фигури и редете ги во плех обложен со хартија за печење.

Ванилиците ставете ги да се печат околу 12-15 минути во загреана рерна на 200 степени или зависно од рерната. Не смеат да пожолтат. Кога ќе забележите дека малку заруменуваат, извадете ги од рерна зошто треба повеќе да останат бели.

Кога ќе изладат спојте ги по две со фил од кокос, па валкајте ги во шеќер во прав измешан со ванилин шеќер. Оставете ги на ладно два часа, а потоа можете да ги јадете. Колку повеќе стојат, толку стануваат поубави и поубави..

II РЕЦЕПТ: ВАНИЛИЦИ-БАКНЕЖИ: Најдобриот рецепт стар 50 години – Лапни-голтни! Вкусни, се топат во уста.л Фото и рецепт: Рената Трајчевска.

Рецептот за овие ванилици-бакнежи кои се топат во уста го објави нашата драга Рената Трајчевска во нашата и ваша група НМД рецепти. Рецептот во нивното семејство се приготвува веќе 50 години.

Превкусни се, лапни-голтни, се топат во уста! “За секој празник мајка ми ги приготвува овие ванилици, а јас и помагам и асистирам.”- вели Рената.

Фото и рецепт: Рената Трајчевска
Потребни состојки: 3 жолчки, 5 лажици шеќер, 250 г маргарин/путер, 300 г брашно + по потреба, 1 ќесичка прашок за печиво, 1 ќесичка ванилин шеќер, 3 белки, 10 лажици шеќер.

Постапка: Маргаринот пенасто се мати со шеќерот, па една по една се додаваат жолчките. Во смесата се додава 300 г брашно претходно измешано со прашок за печиво и ванилин шеќер, а по осет на рака, доколку е потребно, додајте уште малку брашно.

Од тестото се развлекува кора со дебелина од околу ½ прст, се вадат кругови со ракиена чашка или модли и се редат во плех обложен со хартија за печење, на растојание од два прсти.

Се матат белките со 10 лажици шеќер во цврст снег. Врз секоја ванилица се става по едно лажиче од снегот и се формира како пусличе. Ванилиците се ставаат во загреана рерна на 180 степени, но се внимава да останат бели.

Печените ванилици се оставаат да изладат, па две по две се спојуваат со помош на џем од кајсии. Одозгора се наросуваат со шеќер во прав. Фотографија и рецепт на Рената Трајчевска.

Фото и рецепт: Рената Трајчевска