Фото и рецепт: Веселка Кузмановска. Рецептот за овие вкусни кокос колачиња ни го претстави нашата драга членка Веселка Кузмановска во групата НМД рецепти. Стар рецепт за едноставни колачи кои се топат во уста.

Потребни состојки: 250 г путер/маргарин, 1 јајце, 100 г шеќер во прав, 100 г кокосово брашно, 1 прашок за печиво и 2 шолји (од 200 мл) брашно

Постапка: Пенасто се мати еден путер/маргарин омекнат на собна температура и му се додава едно јајце и 100 г шеќер во прав. Откако ќе се соедини, се додава 100 г кокосово брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 2 шолји брашно (шолја од 200 мл). Смесата убаво се замесува додека сите состојки да се соединат. По желба може да се отави смесата малку во фрижидер, но може и веднаш да се формираат топчињата.

Совет: Доколку сакате да ги направите посни, само изоставете го јајцето и користете посен маргарин. Посните се поровки, а со јајцето се покомпактни, сепак, тоа е работа на вкус. Од тестото формирајте топчиња и редете ги во плех обложен со хартија за печење, па ставете ги во загреана рерна на 200 степени и печете околу 15 минути. Кога ќе изладат валкајте ги во шеќер во прав.

Фото и рецепт: Веселка Кузмановска