“Нашата потсвест е примитивна и се однесува како мало дете.”

Потсвеста не познава дефиниции, зборови, совети… познава само симболи кои претставуваат орудие за пренесување до несвесниот дел на умот.

Симболите се делотворни, бидејќи јазикот на несвесниот ум се состои од слики.

За подобро да се разберете себеси, ви предлагаме да го направите овој тест.

Тој ќе ви помогне да навлезете подлабоко во внатрешниот свет и ќе ви открие многу работи за вас. Па, проверете како функционира овој свет.

Внимателно погледнете ја сликата.

На неа се гледаат две жени кои седат една спроти друга, а во средината има дете кое си игра со своите играчки.

Која од овие две жени е мајка на детето?

Потпирајќи се единствено на вашата интуиција, можете веднаш да одговорите, а можете и внимателно да го прегледате цртежот, да ги изанализирате сите детали, а дури потоа да дадете одговор.

ОДГОВОРИ

Околу 70% од луѓето мислат дека мајка на детето е жената од десна страна.

Оние кои ќе ја одберат таа варијанта, често се надарени со уметнички способности. За жал, ретко ги користат целосно. Тие се многу добри слушатели и верни пријатели. Секогаш си ги поддржуваат и ги тешат своите пријатели во неволја.

Имаат силно чувство за одговорност. Ако некому му е потребна помош, брзо се снаоѓаат во таа ситуација и прават сè што е возможно.

Можете да се потпрете на нив!

Преостанатите 30% ја одбираат жената од лева страна.

Овие луѓе се многу паметни.

Никогаш не го бараат полесниот пат. Кога нешто треба да се направи и да се заврши некоја работа, тие прво добро ја обмислуваат, не брзаат со одлуките и не се брзоплети.

Луѓето кои ја одбрале оваа варијанта, многу го сакаат пријателството. Искрено им се радуваат на успесите на другите, што е вистинска реткост на денешно време.

Тие луѓе се добри родители, со алтернативен пристап кон образуванието на своите деца.

Знаат да ги смират конфликтните состојби и позитивно да размислуваат. Не обраќаат внимание на непријатните ситници во животот.

Голема среќа е да се биде во близина на ваквите луѓе!