Кога сте настинати ја влошувате состојбата ако ги правите овие работи

Вистини и заблуди за кашлицата:

ПОВЕЌЕ ТОПОЛ ЧАЈ И МЕД 

Чајот и другите напивки треба да бидат топли (35-40 степени), но не врели. Во спротивно, тие може да ја повредат раздразнетата и воспалена слузокожа, провоцирајќи уште кашлица и болки во грлото. Мед е доволно до две лажици на ден и тоа рааворен во топол чај или млеко.

Loading...

ОБЛОГИ И КОМПРЕСИ 

Лекување на кашлицата co каква било топла процедура не смее да се применува: за почеток е задолжителна консултација co лекар. Причина за кашлица,особено долготрајна, може да бидат болести на срцето и тумори, при кои овие методи се контраиндицирани.

ТОПЛО И СУВО 

Се смета дека во собата вo која се наоѓа болниот треба да биде суво и топло. Но не претерувајте! Оптималната температура е 18-22 степени. Задолжително е редовно проветрување и влажење на воздухот, бидејќи вo сува средина искашлувањето може да стане слузаво, а кашлицата може дури и да се засили.

Задолжително надвор!

Често заболениот човек цело време седи дома. Но, доколку лекар не препорачал режим на лежење, задолжително е да се оди во полчасовни прошетки. Најважно е надвор да е пријатно времето.

Благодарение на тоа, побрзо ќе закрепнете, а организмот ќе добие сила. Освен тоа, побрзо ќе се нормализираат дишните органи.

Loading...