Мевлемот од лековити билки и алое вера, направен според стар рецепт од баба Русинка, и помогнал на Лидија Вучковиќ да го сопре напредувањето на болеста. Пред 16 години Лидија Вучковиќ заболела од мултипла склероза, прогресивно заболување, за кое се покажало дека сепак може да се стопира.

За својата борба и за излекувањето од мултипла склероза , таа раскажува низ насмевка, како да му се случувало на некој друг. Недалеку од Ниш, Лидија со својот сопруг Мирослав направиле стаклена градина во која го одгледуваат медицинското алое вера (Aloe arborescens).

-Одеднаш како што си седев ненадејно добив главоболка и вртоглавица, не можев ни да јадам ни да пијам. Никој не знаеше што ми е. Бев примена на гастроентеролошко одделение, каде ми го снимија желудникот, жолчното ќесе, црниот дроб, сите органи.

Резултатите беа добри, а мене ми беше се полошо и полошо. Непрекинато повраќав, а после седмиот ден паднав во кома, која додуша, кратко траеше. Ме префрлија на друго одделение, каде врз основ на ликворот ми беше утврдено дека боледувам од мултипла склероза.

Примав инфузии шест дена, но од нив ми се качи многу притисокот и не ми беше добро. Ми се одзеде десната рака, ногата и окото. После десет дена болничко лекување лекарите ме отпишаа и без вратена дома во инвалидска количка со препишана витаминска терапија.

Тогаш имав само триесет и седум години и не можете да си замислете како се чувствував како мајка на три деца. Одлучив да се борам, во што многу ми помогна свекрва ми Лилјана, која ми помогна со лековити билки, според еден многу стар рецепт.

Овој рецепт таа го наследила од својата баба, инаку Русинка која имала бројни разни рецепти за приготвување на лековити билки за многу тешки болести, меѓу кои беше и овој природен лек за мултипла склероза кој мене лично многу ми помогна и поради кој живеам нормално.

Од лековитите билки набрани од Златибор и Алое арборесценс, моето семејство ми приготви мевлем. Го земав четирипати дневно, по една лажичка пред јадење, како што беше наведено во упатството од рецептот. За кратко време почнав да чувствувам подобрување, прво ми се врати видот, а после почнав да ги движам и прстите.

Направив пауза од три недели, па ја повторив терапијата со мевлемот. После третата повторена терапија се чувствував одлично, повторно бев онаа старата јас.
Мевлемот за мултипла склероза се приготвува од Алое арборесценс и 17 видови лековити билки набрани исклучиво на Златибор, и тоа во прецизно термин за секоја билка – објаснува Лидија:

-Препорачаната терапија трае три месеци и за тоа време се потрошуваат четири тегли мевлем, бидејќи се зема четирипати дневно, пред јадење, по една кафена лажичка. После тоа следи пауза од три недели. После три фази од оваа терапија јас пак живеев нормално, можев да ги движам прстите на раката и ногата, а потоа и да одам.

После три фази од оваа терапија, можев да одам, и да работам како и до ден денешен. Кога ги завршив сите три фази, отидов на контрола, а магнетната резонанца покажа дека наместо 17 лезии останале само бело точки, како некои сенки, кои еве веќе 16 години мируваат.

За секоја болест постои решение, само треба да се најде. Во стакленикот, сместен во градината зад куќата, семејството Вучковиќ одгледува 3500 садници на Алое арборесценс. Гелот од оваа билка се користи за многу работи, а семејството Вучковиќ го користи за приготвување на лековит зелен мед кој членовите на семејството секојдневно го користат, првенствено како превентива од разни инфекции, настинки и грип.

-Зелениот мед е потпора за лекување на мултипла склероза бидејќи го јакне имунитетот и го штити организмот од различни видови вируси и бактерии – тврди Лидија. Како изгледа нејзината градина со садниците може да погледнете во видеото ОВДЕ.