Овие печива се прават многу лесно и едноставно и ќе ви биде потребно малку време да го направите тестото. Тестото не се чека да стасува, односно директно преминувате на правење топчиња. Може да ги филувате со кашкавал, тоа е основен фил кој дава преубав вкус.




По печењето или кога ќе го додадете кашкавалот може да ставите и други состојки по ваш избор како: сувомеснато, ајвар, некоја салата, кисели краставички… Може да ги правите во било кое време, а особено се погодни за оние кои секогаш се зафатени. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца (од едното се вади само жолчката), 2 чаши јогурт, 1 чаша масло, 1 мала лажичка сол, 2 кесички прашок за печиво, 5 чаши брашно (се додава постепено). ЗА ФИЛОТ: 150 г чедар кашкавал и сусам за наросување. Како мерка се користи чаша од 200 мл.




ПОСТАПКА: тестото се замесува за час. Од едно јајце издвојте ја само жолчката и ставете ја во сад настрана. Белката соединете ја со другото јајце и размешајте со жица или маталка додека да се разредат пенасто. Во една чаша од 200 мл измерете на двапати јогурт, 400 мл.




Додајте го во смесата со јајца. Ставете 200 мл масло и 1 мала лажичка сол. Потоа додајте 2 кесички прашок за печиво и убаво измешајте ги сите состојки. На крајот постепено започнете да го додавате брашното додека мешате со шпатула или жица.




Потребно е околу 5 чаши брашно, но одземете 50 г помалку или повеќе, во зависност од квалитетот на брашното кое го користите. Кога смесата повеќе нема да биде леплива, тоа е знак дека е доволно брашно. Смесата треба да изгледа како помали грутчиња кои се делат едно меѓу друго.




Тогаш преминете на месење со раце додека формирате фино, меко и мазно тесто кое нема да се лепи. Тестото префрлете го на рамна површина и веднаш од него формирајте 16 топчиња со приближно иста големина. Секое топче посебно се развлекува со прсти во форма на круг.




На средина од тестата се става по едно правоаголно парче чедар кашкавал или некој друг по ваш избор. Веднаш започнете да ги затворате печивата во елипсовидна форма, а одозгора ,,лепете” ги со прстите како венец (погледни видео).




Вака подготвените теста редете ги на плех обложен со хартија за печење и премачкајте ги со жолчката која првично ја одделивте од едното јајце. Печивата наросете ги со сусам и ставете ги на печење во претходно загреана рерна на 180 степени.




Се печат кратко додека да потемнат и малку да се подигнат. Имаат феноменален вкус. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.