Нерамнотежа и пореметување во функцијата на надбубрежната жлезда доведува со вишок или недостиг на поедини хормони, а тоа пак, до појава на дебелина.

Ова се симптомите за пореметена функција на надбубрежна жлезда:

Првиот знак е хроничен умор кој не попушта и после долг и цврст сон, па го намалува и квалитетот во работата и функционирањето во секојдневието.

Обратете внимание и на другите карактеристични симптоми: несоница и покрај уморот; потреба за благо; расеаност и проблем со концентрирањето; мускулна слабост; нагло зголемување на телесната тежина; проблем со кожата; ноктите и косата; силна раздразливост и излив на агресија без причина; појава на алергија, осип, црвенило; грчеви во мускулите…

Синдромот често е проследен и со депресија. Поради недостиг на хормоните естроген и тестостерон, сек-уалната желба е значително намалена. Вишокот алдостерон го зголемува крвниот притисок и пулсот, што предизвикува пецкање или болка во градите.

ЛЕКУВАЊЕ И ПРЕВЕНЦИЈА НА СИНДРОМОТ НАДБУБРЕЖНА ЖЛЕЗДА

Овој синдром не се смета за засебна болест, но хормоналните пореметувања активираат опасни процеси: неплодност, тумори на матка, вишок шеќер во крвта, нагло опаѓање на имунитетот.

Ултразвукот на надбубрежните жлезди и тестовите за нивото на одредени хормони: адреналин, тестостерон, естроген помагаат во во идентификување на проблемот.

При зголемен умор поради неправилна функција на надбубрежните жлезди, следете ја едноставната диета и правилната исхрана:

Не консумирајте газирани пијалаци, кафе, силен чај, алкохол. Отстранете го или намалете го шеќерот, благото и пекарските производи.

Во храната не додавајте рафинирани масла, маргатин или масти. Јадете повеќе свежо овошје, мед, додавајте стевија за слатко. Зголемете го внесот на морска риба, морски плодови и алги. Јадете ореви и свеж зеленчук за ужина, повеќе салата од зелка, спанаќ, авокадо, додавајте ленено семе или сусам.

За да ја подобрите работата на надбубрежните желзди, користете мултивитамини кои содржат цинк, магнезиум, аскорвинска киселина и витамини Б.

Ваквата диета првите резултати ги покажува за 3-4 месеци, но за да го зацврстите ефектот, придржувајте се на ваков начин на исхрана најмалку една година.

МНОГУ Е ВАЖНО:

-Да ја вратите емоционалната рамнотежа, да спречите нервна исцрпеност и да ги намалите ефектите од стресот:

Обидете се да спиете најмалку 8 часа, а ако сакате и можете, одморајте и во текот на денот. Почесто шетајте, пријавете се на танцување, пливање, јога, возете велосипед. Разговарајте и дружете се со позитивни луѓе, гледајте комедии, посетувајте театарски претстави. Почестете се со посета во козметички третмани, самомасажа, спа-третмани или топли бањи.

Доколку имате било какви симптоми, задолжително посетете лекар за утврдување на точната дијагноза и одредување на правилно лекување.