Во нашето семејство, јајцата се на менито речиси секој ден. После Велигден, пак, често ми остануваат околу десетина бојадисани јајца, кои сите знаеме дека си имаат рок на траење и мора брзо да се „ocлободиме“ од нив.

Неодамна го открив рецептот за вкусен ролат од мелено месо со варени јајца – брз е, но е исклучително вкусен и одличен за обилен ручек или вечера. Еве го рецептот за апетитниот мозачен ролат:




Неодамна го открив рецептот за вкусен ролат од мелено месо со варени јајца – брз е, но е исклучително вкусен и одличен за обилен ручек или вечера. Еве го рецептот за апетитниот мозачен ролат:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 700 г мелено месо, 1 сирово јајце, 6 варени јајца, 1 лажица сенф, 1 лажица мајонез, 2 лажици гриз, 1 главица стар кромид, 1/2-1 врзоп млад кромид, 1 лажица маслиново масло или путер, 1 лажица обиќно рафинирано сончогледово масло, сол и мелен црн пипер по вкус




ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете го меленото месо (по избор, говедско или мешано), додајте едно сирово јајце за да го поврзе добро месото, гриз, сенф, мајонез, 1/2 лажиче сол и неколку прстофати мелен црн пипер.




По желба додајте си и некои зачини по ваш избор за да го збогатите вкусот. Добро измешајте ги сите состојки и оставете ја смесата да одмори покриена со стреч-проѕирна фолија (во фрижидер) половина час за да набабри гризот и да се поврзат сите вкусови.




Во нелеплива тава со загреана смеса од путер и сончогледово масло пропржете го ситно сечканиот кромид додека тој да омекне и да се застакли. Штом ќе порумени, односно ќе се карамелизира, значи дека е готов и тргнете го од огнот.




Настрана добро измијте го младиот кромид, па ситно исечкајте го и додајте го во испржениот кромид. Во меѓувреме варените јајца исечкајте ги на ситни коцкички или изрендајте ги на крупно ренде, измешајте ги со ситно сечканиот зелен кромид и пржениот кромид.




Посолете ја смесата, додајте црн пипер и зачини по вкус, па промешајте. Меленото месо ставете го на големо парче фолија за печење (врз фолијата може да ставите хартија за печење), распоредете го рамномерно по целата површина, формирајќи голем правоаголен слој со дебелина од околу 2 см.




Едноставно намастете ги дланките и развлекувајте ја смесата исто како да работите со тесто. Одозгора намачкајте го филот со јајца и кромид, оставајќи 2,5-3 см од секој раб за да може убаво да се свитка ролатот и краевите да се спојат.




Внимателно кревајќи ги рабовите на фолијата, свиткајте го меленото месо, формирајќи ролат. Работете полека за да се формира правилен ролат, не грижете се, сето ова многу брзо оди.

Потоа ролатот завиткајте го во фолија (може да ставите уште едно парче за да не ви протекува), па ставете го во соодвете плех или сад за печење (кој исто така, можете да го обложите со хартија за да не го миете подоцна), и ставете во загреана рерна и печете 50-60 минути на 180 степени.




Десет минути пред крајот на печењето извадете ја фолијата и оставете го ролатот да зарумени и одозгора да фати фина коричка. Оставете го ролатот да се олади за да можете да го сечете на убави парчиња. Може да го послужите како предјадење или како главно јадење со прилог по ваш избор.