Зголемената телесна температура над 37°C е нормален одбранбен одговор на телото кога постои присуство на некоја инфекција, но ние сме навикнати тоа да го гледаме како алармен сигнал.

Високата температура може да биде опас-на, особено ако достигне 40 ° C или повеќе и не можеме со ниедно средство да ја намалиме, па во такви случаи дефинитивно треба да побарате медицинска помош.




Сепак, самите честопати посегнуваме по лесно достапни лекови кои ја намалуваат температурата (но, истовремено го оптоваруваат црниот дроб и може да имаат многу несакани ефекти), и ги „прескокнуваме“ природните начини.

Првата одбранбена линија е многу едноставна – облоги или капење во млака вода што е за 1-2 степени пониска од нормалната телесна температура – приближно 35 ° C. Оладете го постепено и умерено за да не го „ш окирате“ дополнително телото. Не туширајте се со ладна вода и не ставајте ладни облоги бидејќи ќе предизвикате тремор. Ладењето мора да биде постепено.




Кога имате треска, се зголемува можноста за дехидрација, затоа земајте многу течности – обична вода, природни чаеви и сокови, лесни супи од зеленчук. Не треба просторијата премногу да се загрева, а на телото треба да му се дозволи нормално да се „темперира“.

Облеката треба да биде удобна, најдобро памучна и да одржува умерена температура на воздухот во просторијата каде што престојувате. Народната медицина препорачува голем број природни лекови за намалување на телесната температура.




ЈАБОЛКОВ ОЦЕТ. Од вода со додавање домашен јаболков оцет (во сооднос 2/3 вода и 1/3 оцет), се подготвуваат облоги против висока температура, кои се ставаат на челото, зглобовите, стапалата …

Покрај класичните облоги, често се препорачува да ги натопите чорапите во јаболков или вински оцет, да ги ставите на стапалата и да ги завиткате во крпа. Кога облогата ќе се загрее, заменете ја со нова.




Можете исто така лесно да го „натопите“ телото со сунѓер натопен во воден раствор на оцет, или да подготвите бања со додавање на половина чаша оцет во млака вода за капење. Во вака подготвената бања телото се кисне до 10 минути.

Велат дека овој природен напиток, исто така помага и против висока температура: измешајте 2 лажички јаболков оцет и 1 лажичка мед во чаша вода. Пијте 2-3 пати на ден.




КОМПИР. Од суровиот компир се прават облоги-компресии кои ја „вадат“ температурата од телото. Земете поголем компир и добро измијте го. Не мора да го лупите, но лупењето се препорачува во повеќето рецепти. За облоги, можете да ги исечете компирите или да ги изрендате.

Ставете ги на стапалата и облечете ги чорапите. Оставете ги облогите да делуваат додека да се исушат а потоа заменете ги со нови доколку е потребно. Облоги може да се стават на челото и дланките.




БЕЛКА ОД ЈАЈЦЕ. Земете две јајца и одделете ги белките. Истурете ги на крпа (на пример, на кујнски крпи, потенки платна, пешкири или марамчиња) и завиткајте ги стапалата така што белката од јајцето ќе биде во контакт со стапалата. Можете да ставите пластична фолија или вреќичка преку облогата за да не протече, а потоа облечете ги чорапите. Држете ги поставените облоги додека да се загреат.




ЛУК. Помага да се намали температурата бидејќи го cтимyлиpа потењето и ги отстранува ток-сините од телото, а покрај тоа има антивирусно и антибактериско дејство. Излупете и иситнете 2 големи чешниња лук, а потоа измешајте ги со 2 лажици маслиново масло. Малку загрејте ја смесата и нанесете ја на стапалата. Завиткајте ги стапалата со газа или крпа и оставете да делува преку ноќ.

Излупете чешне лук и ситно исечкајте го, ставете го во чаша и прелијте го со топла вода. Оставете да отстои 10 минути, потоа процедете и полека пијте во голтки. Се препорачува два пати на ден.




ЦРВЕН КРОМИД. Ситно исечкајте го кромидот, па измешајте го со малку маслиново масло и морска сол. Нанесете на стапалата и завиткајте со газа или крпа. Заменете ја облогата штом се загрее. Можете исто така да ги подготвите облога така што ќе го исечете кромидот на парчиња-кругови, а потоа ќе ги ставите на стапалата и ќе ги фиксирате со крпа.




ЗЕЛКА. Облогите од зелка делуваат разладително при висока температура. Одделете неколку листови од главицата, поминете ги со оклагија малку за даомекнат, а потоа ставете ги на челото, вратот или тилот. Кога ќе се загреат, листовите заменете ги со нови.

ЃУМБИР. Во чаша врела вода ставете 1/2 лажичка свежо рендан ѓумбир и оставете да отстои 10 минути. Засладете со мед. Пијте го овој чај 2-3 пати на ден.

Наполнете ја кадата со млака вода, додајте 2 лажици ѓумбир во прав и добро измешајте. Капете се 10 минути, а потоа најдобро е да си легнете. Ѓумбирот ќе поттикне потење и ќе ја намали треската.




СУВО ГРОЗЈЕ. Бобинките се богати со таканаречени фитохемикалии кои имаат силно антиинфламаторно дејство, па делуваат како енергичен тоник доколку имате треска.

Натопете 25 бобинки суво грозје во половина чаша вода и оставете ги да омекнат (околу еден час). Изблендирајте ја смесата па процедете ја. Во добиениот сок можете да додадете исцеден сок од половина лимон или лимета. Пијте двапати дневно.

Билни чаеви

За полесно намалување на температурата, се препорачуваат чаеви од следниве растенија: босилек, бозел, липа, жалфија, камилица, нане, ајдучка трева, шафран, бораж, магдонос, мајчина душица, сенф, оригано, риган/мажуран.

СОВЕТ: Лекарите не препорачуваат облоги од ракија, особено не кај деца поради можност за апсорпција на ал-кохот преку кожа.

Природен аспирин

Меѓу домашните рецепти за намалување на температурата се облогите направени од исечено цвекло и свежо (младо) сирење. Природни сокови од дренка, малина и брусница и кисело млеко се исто така добредојдени за да го разладат телото.

Помага и зачинетата храна како црвените пиперки и чили, кои содржат капсаицин, супстанција која го стимулира потењето и со тоа ја регулира телесната температура.

Бадемите и екстракти од врба и бреза (пр. сок од бреза) исто така се користат за намалување на температурата бидејќи сите овие растенија содржат салицин – природен аспирин.