Фала му на Бога што постои машина за миење садови. Јас не можам да си го замиcлам животот без неа. Миењето на садовите повеќе не ми е мaчнo и имам време да се одморам. Машината си ја чистам периодично за да функционира на најдобар начин и не ми се таложат непpијатни мириси.

Кога ја чистам машината секогаш користам сунѓер, суви крпи, стара четка за заби, проточна вода, детергент за садови или некој друг неабразивен производ за чистење. Мој совет е никогаш да не користите метални, алуминиумски жици за садови или гpyби, агpecивни средства за чистење, бидејќи тие само ќе направат гребнатини, па дури и ‘рѓа на вашиот уред.




Во продолжение ќе ви објаснам како темелно ја чистам машината за миење садови и што направив во врска со проблемот кој ми ги остава садовите мокри после перење.

Треба да ја исчистите и внатрешната и надворешната страна на машината за миење садови за да може да се направи темелно чистење. Првото нешто што треба да направите е да ги отстраните сите делови што се одвојуваат. Извлечете ја долната корпа и оставете ја настрана.




Откачете го горниот пропелер со одвртување на навртката спротивно од стрелките на часовникот. Долниот пропелер само треба да се извлече. Следно, извадете го филтерот и тенката метална решетка што го покрива куќиштето.

Земете ги пропелерите, измијте ги и исплакнете ги со проточна вода. Ако сакате, можете да додадете малку детергент за миење садови. Најважниот дел од машината за миење садови што треба да се исчисти е филтерот.




Таму се собираат парчиња храна од валкани садови. Доколку не го чистите редовно, поради насобраната нечистотија се појавуваат непријатни мириси и вашата машина не пере ефикасно.

НМД.мк




Следни на списокот се пропелерите и инјекторите. Многу е важно млазниците на пропелерите да не се затнати. Погрижете се да тече вода низ отворите на млазниците за да бидете сигурни дека тие не се затнати.




Исушете ги деловите со кујнска крпа и оставете ги да се исушат на воздух пред да ги вратите во апаратот. Во зависност од тоа колку често ја користите машината, треба да ја чистите барем еднаш на секои два или три месеци за да работи правилно.




Дури и ако прескокнете некој дел, чистењето на филтерот е задолжително за хигиенски чиста и свежа машина за миење садови. Избришете ја внатрешноста на машината за миење садови со мека, влажна крпа.

НМД.мк




Проверете дали е сува пред да ги вратите деловите внатре. Влагата што останува во машината за миење садови доведува до создавање на непријатни мириси. А знаете што предизвикува создавање на непријатни мириси: бактериите!

Ако имате самостојна машина за миење садови, треба добро да ја избришете и надворешната страна на машината. Чистењето на надворешноста на машината е прилично едноставно.




Како и кај повеќето други уреди, само користете влажна крпа или мекиот дел од сунѓерот за садови со топла вода и неабразивни средства за чистење. Исушете ја површината целосно за да спречите траги од вода.

Повеќето машини за миење садови имаат програм за самочистење за чистење на сите агли и отвори до кои не можете да дојдете со редовно чистење. Исто така, топлината се користи за yништување на бактериите во уредот сè до филтерот и системот за одвод.




Не заборавајте дека не треба да користите обичен детергент за миење садови со овој програм. Вклучете го да работи го без никаков детергент или со кое било средство за самочистење. Редовното чистење на машината за миење садови е повеќе од добро одржување.

НМД.мк

Како прво, ако самата машина е валкана, не може да има добар ефект врз чистењето. Исто така, чистењето на уредот е едно од првите правила за да може производот да трае подолго.

Како што може да видите, редовно си ја чистам машината и правилно го практикувам тоа, но еден проблем постојано ми пречи, а тоа е кога и да ги исперам валканите садови, некои од нив ми излегуваат влажни.




Случајно на Инстаграм во едно кратко видео наидов дека и други жени се соочуваат со истиот проблем, па новинарката Дијана Глогоњац сподели како таа се справува со овој проблем.

„Ако чашите и другите садови ви остануваат мокри, ставете крпа преку вратата на машината, а потоа затворете ја. Крпата ќе го собере вишокот влага и садовите ќе бидат суви“, напиша таа. Видеото може да го погледнете ОВДЕ.