„Ако некогаш се случи да снемате леб, или е доцна навечер и продавниците не работат, а можеби едноставно не ви се излегува, еве една многу добра замена за леб“, вели Емили. Всушност, овие полнети уштипци може да бодат комплетна замена за вечера, појадок или ужина за децата.




Една стара госпоѓа ми тврдеше дека се одлични и буквално ми го наметна рецептот. Но, откако го испробав, се уверив дека навистина е така, поубави не се јаделе досега. А, за нивна подготовка потребни се многу малку состојки. Еве што е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 јајца, сол по вкус, 200 мл јогурт, 270 г брашно тип 400 пченично бело, 6 г прашок за печиво или половина кесичка, 150 г ситно сирење или рендан кашкавал (може и крем сирење), 100 г шунка и уште масло за пржење.




ПОСТАПКА: Во подлабок сад скршете две јајца и додајте прстофат сол или по вкус. Додека матите со жица маталка, постепено и во тенок млаз додајте 200 мл течен јогурт и продолжете со мешањето додека да се изедначи смесата.




Најпосле додајте просеано 270 г брашно помешано со 6 г прашок за печиво. Мешајте со лажица или со миксер (со специјални продолжетоци за месење тесто) додека да добиете компактно, полутечно тесто.




Во тестото додајте ситно сечкана или рендана шунка помешана со крем сирење или фета или нето по ваш избор. Со ова тесто можете да експериментирате и да додавате состојки по ваш вкус. Па така, имам испробано и со ситно сечкано младо кромитче – многу е вкусно.




Добро промешајте додека рамномерно да се распоредат сите состојки. Оставете го настрана тестото да се одмори неколку минути додека се загрева маслото: во широка тава или тенџере ставете масло со длабочина од приближно еден-два прста, и вклучете да се загрева на умерена температура.




Потопете ја лажицата во врелото масло, па црпнете од тестото и спуштете во маслото. Постапката повторете ја додека да се исполни садот, но сепак внимавајте да не се преполни, бидејќи уштипците нараснуваат во текот на пржењето.




Во текот на пржењето превртете ги уштипците два-три пати, а кога убаво ќе заруменат вадете ги во сад обложен со хартиена салветка за да ја впие вишокот маснотија. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете ОВДЕ.