Можете да ги направите во форма на полумесечина или да ги наполните со џем или ореви како кифлички. Ја ги валкав во ореви, шеќер во прав и кокос. Сите кои пробале пиварки знаат колку се убави и како се топат во уста.




Колку подолго траат, толку се поубави, па се идеални за претстојните празници. Ако се уште не сте ги направиле, обидете се да ги направите, многу лесно и брзо, а може да ги направите на повеќе различни начини кои ќе ви ги покажам во продолжение.




Потребни состојки: 600 г брашно, 1 кесичка прашок за печиво, кора од еден лимон, 1 кесичка ванилин шеќер, 200 мл масло, 200 мл пиво. За сируп: 400 мл вода, 300 г шеќер. Ќе ви требаат уште малку мелени ореви, кокос или шеќер во прав.




Постапка: Се замесува тесто од наведените состојки. Во еден сад ставате го брашното. Потоа се додава пивото и маслото. Додајте 1 ванилин шеќер и прашок за печиво. И на крај изрендајте кора од 1 лимон, која претходно треба да биде истретирана со вода и сода бикарбона.




Измешајте се заедно до соединување, а во меѓувреме рерната може да ја вклучите на 180 степени да се загрее. Кога ќе ги измешате состојките потребно е да го замесите тестото за кое не треба многу време месење, доволно е само да се формира и да не се лепи.




Во колачите не се додава шеќер бидејќи на крај се валкаат во шеќер во прав. Тестото се меси на рамна површина и се вадат еднакви колачиња во големина каква сакате и ги виткате како валјак, а потоа со краевите надолу како потковица.




Едните колачиња може да ги направите вака, а со втората половина може да ги наполните со џем. Втората половина од тестото се дели на два еднакви делови и се развлекува во круг. Се сечат парчиња како пица и на средина од секое парче се додава малку џем и мелени бисквити.




Колачињата се виткаат како кифлички и се редат на плех обложен со хартија за печење. Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 10-тина минути. Во меѓувреме направете го преливот-сируп: Ставете водата да се загрее и во неа додајте го шеќерот.




Измешајте и почекајте водата да зоврие. Во оригиналниот рецепт оди по 400 г шеќер на 400 мл вода, но јас секогаш ја намалувам количината. Ставив отприлика 300-310 грама. Кога сирупот ќе зоврие малку намалете ја температурата, додајте ги кришките лимон и оставете да се вари 2-3 минути.




Врелите колачи се ставаат во врелиот сируп и вадете ги едно по едно, па валкајте ги во ореви, шеќер во прав или кокосови снегулки по ваша желба. А уште поубаво е ако сите ги направите различни. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.