КИФЛИЧКИ СО ЈАБОЛКА ЗА 10 минути! Лесен и брз рецепт за вкусни колачиња! Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

280 г сенаменско брашно
1 лажиче прашок за печиво
100 г путер
1 лажиче ванилин шеќер
1 прстофат сол
1 јајце
100 г кисела павлака или цврст јогурт

За фил:
1 лажиче путер
2 излупени и исечкани на коцки јаболка
2-3 лажици шеќер
1 лажичка цимет во прав
шеќер во прав за посипување на кифличките

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад просејте го брашното и помешајте го прашок за печиво и путер омекнат на собна температура. Замесете со рака додека да добиете смеса како трошки.

Потоа додајте ванилин шеќер, прстофат сол, јајце и кисела павлака.

Добро измесете додека да добиете компактно тесто, средно меко, кое не се лепи за раце и се одвојува од ѕидот на садот.

Поделете го на три дела и од секој дел обликувајте топче. Завиткајте ги во кеса и оставете ги на ладно или во фрижидер додека го подготвите филот:

Растопете путер во тава и додајте ги ситно сечканите јаболка. Додајте шеќер и цимет и динстајте ги 5-7 минути на умерена температура или колку што е потребно за да испари вишокот течност и јаболката да омекнат.

Филот оставете го настрана да се подизлади, па започнете со правење на кифличките. Посипете малку брашно на работната површина, па земете едно од тестата и развлечете го во тенка кора.

Исечете триаголници и ставете фил од јаболка. Свиткајте ги кифличките и наредете ги во плех обложен со хартија за печење.

Печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени, приближно 15-20 минути или колку сосем малку да заруменат. Оставете да се оладат па посипете ги со шеќер во прав. Деталите од постапката погледнете ги во видеото ТУКА.