Рецепт од каналот ди-го квасец. Многу корисен рецепт кој ќе ве спаси од голема мака – на овој начин во секој миг ќе имате свежо тесто во фрижидерот и по потреба да си вадите онолку колку што ви е потребно. Еден ден пригответе мекици. Друг ден пица, трет ден кифлички..

Никогаш нема да ви здосади со ова тесто. За солени печива ставете сол, а за слатки печива ставете шеќер. Одлично се обликува, па затоа некои го нарекуваат и магично тесто.

Потребни состојки: 200 мл млако млеко, 1 коцка свеж квасец (42 г) или 2 кесички сув квасец, 1 лажичка шеќер, 1 кг брашно (меко), 1 прашок за печиво (10 г), 2 лажички сол (за солено тесто), 2 чаши јогурт (од 180 г), 200 мл млеко и 2 јајца.

Постапка: Во подлабок сад ставете 200 мл млако млеко и во него издробете 1 коцка свеж квасец, па додајте 1 лажичка шеќер. Промешајте за да се растворат состојките и оставете 10-тина минути за да се запени и да се активира квасецот.

Во еден килограм брашно додајте една кесичка прашок за печиво, промешајте и направете вдлабнување како бунарче. За солено тесто ставете две лажички сол, две чаши јогурт, 200 милилитри млеко, активираниот квасец и две јајца отстојани на собна температура.

Промешајте најпрво со лажица, а потоа продолжете го месењето со рака. Тестото е меко и малку лепливо. Земете една поголема кеса во која ќе го сместите тесото, па намастете ја од внатрешната страна. Тестото истресете го во кесата, испуштете го воздухот и врзете ја ќесата добро.

Може да го ставите и во некој намастен пластичен сад и добро да го затворите со капак или стреч-проѕирна фолија, но најдобро е да го чувате во кеса. Кесата вратете ја во садот и ставете ја во фрижидер. Штом стаса тестото можете слободно да го користите (за неколку часа).

Со намастена рака или лопатка откинете онолку колку што ви е потребно. Кесата повторно врзете ја на истиот начин како и првиот пат, па вратете го тестото во фрижидер.

II Рецепт: Старински кифли кои ги правеше мојата баба, па мајка ми, а сега јас на моите деца и внуци – нема подобри. Фотографии и рецепт на Весна Когој – Старински кифлички.

„Овие кифлички ги правеше мојата баба, па мојата мајка, а веќе долго време ги правам и јас за моите деца и внуци. Не се потребни многу состојки само: убава домашна маст, брашно, млеко, квасец и некој џем по вкус.

Фото и рецепт: Весна Когој

Уште е потребно и шеќер во прав околу 250 г плус 2-3 кесички ванилин шеќер. Јас сите состојки ги мерам со тенџерче/ѓезве од половина литар, бидејќи така ги правеа баба ми и мајка ми.

Фото и рецепт: Весна Когој
Фото и рецепт: Весна Когој

Ќе видете која количина се добива, па вие доколку сакате можете да ја намалите мерката ако ова ви е многу, но јас секогаш правам толку, бидејќи овие кифлички можат да стојат многу долго и секогаш се еднакво убави”, вели Весна.

Фото и рецепт: Весна Когој

Потребни состојки: 1 ѓезве (од 500 мл) преполно, маст, 3 ѓезвиња (рамни) меко брашно + уште едно за домесување на тестото, прстофат сол, 1 ѓезве млеко (1 прст пониско од врвот на ѓезвето), 1 рамна лажица шеќер, 1 коцка свеж квасец.

Фото и рецепт: Весна Когој
Фото и рецепт: Весна Когој

За валкање на кифличките: 250 г шеќер во прав, 2-3 ќесички ванилин шеќер.

Постапка: Наполнете го ѓезвето преку врв полно со маст и истурете ја во подлабок сад каде ќе го месите тестото. Во истото ѓезве мерете го и брашното: во маста додајте три ѓезвиња (рамни) брашно.

Фото и рецепт: Весна Когој

Додајте прстофат сол, па со рацете полека изгмечете ја маста со брашното додека да добиете текстура слична на тарана. Потоа ставете млеко во ѓезвето, еден прст пониско од врвот.

Направете вдлабнување во тестото, па тука прелијте го млекото, додајте една рамна лажица шеќер и издробете една коцка свеж квасец. Оставете да отстои 10 минути да се активира квасецот.

Фото и рецепт: Весна Когој

Потоа полека замесете го тестото додека да се изедначи. На целото тесто (кое излегува меко), додајте уште едно ѓезве брашно и убаво измесете го тестото додека да се изедначи.

Фото и рецепт: Весна Когој
Фото и рецепт: Весна Когој

Овој пат не се остава да стасува. Веднаш се дели на неколку парчиња, се прават валјаци, се сечат мали парчиња и се развлекуваат кори. Корите се сечат на триаголници, се филуваат со џем по избор и се виткаат кифлички што поситни. Вака витканите кифлички редете ги во плех со мало растојание бидејќи ќе пораснат во текот на печењето.

Фото и рецепт: Весна Когој

Претходно пригответе го шеќерот во прав за валкање: измешајте го со ванилиниот шеќер. Печените кифлички веднаш додека се топли валкајте ги богато во шеќерот. Фотографии и рецепт на Весна Когој.

Фото и рецепт: Весна Когој

III Рецепт: Кифли меки како душа, рецепт со кој не можете да згрешите, излегуваат памук меки. Фото и рецепт: Зорка Јанчева.

Потребни состојки: 250 мл кисело млеко, 250 мл обично млеко, 1 коцка свеж квасец (40 г), 4 лажици масло, 1 лажица сол, 1 лажичка шеќер, 1 цело јајце, 3 белки, 1 кг брашно, 200-250 г путер на собна температура за премачкување на корите. За фил: сирење или по желба.

Фото и рецепт: Зорка Јанчева

Постапка: Во млака вода издробете го квасецот, додајте 1 лажичка шеќер и малку брашно, па промешајте да се раствори шеќерот, да нема грутчиња. Оставете да отстои 10 минути за да се активира квасецот и запени.

За тоа време затоплете го киселото млеко да биде млако, па додајте го активираниот квасец и останатите состојки, па со постепено додавање на брашното замесете убаво меко тесто.

Фото и рецепт: Зорка Јанчева

Оставете го покриено во намастен сад да стаса околу половина час на топло место, собна температура. Кога ќе стаса прелијте врз тестото една лажица масло и премесете го, па повторно оставете го да стасува уште половина час покриено со кујнска крпа.

Фото и рецепт: Зорка Јанчева

Потоа тестото е подготвено за работа. Поделете го на толку топчиња колку што сакате да правите кифли, или директо кинете парчиња од него и формирајте топчиња. Топчињата развлекувајте ги во долгнавести кори со овална форма, па преку цела површина намастувајте ги со путер омекнат на собна температура.

Фото и рецепт: Зорка Јанчева

На едниот крај засекувајте ги (како што е прикажано на фотографиите), а на другиот крај ставете фил и виткајте ги кифлите. Вака приготвените кифли редете ги во плех обложен со хартија и оставете ги да стасаат.

Фото и рецепт: Зорка Јанчева
Фото и рецепт: Зорка Јанчева

Потоа премачкајте ги со јајце или жолчки изматени со малку млеко, наросете ги со сусам по желба и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 10-15 минути. Фото и рецепт: Зорка Јанчева.

Фото и рецепт: Зорка Јанчева
Фото и рецепт: Зорка Јанчева

VI РЕЦЕПТ – Најмеките кифли – ТУРСКИ КИФЛИ помеки и од памук кифли. Фантастично меки кифли кои остануваат свежи и третиот ден.

Помеки се и од памук кифлите, мора да ги пробате. Во три дена ги правев трипати, веднаш се јадат. Од првиот пат оставив една кифла во ќеса за да видам каква ќе биде. Не е како свежо печена, онака врела, ама е мека “како душа”.

Потребни состојки: 500 мл со 1 лажица млеко, 2 рамни лажици шеќер, 10 г сув квасец, 2 јајца, 100 г путер или маргарин, 1 лажица сол, 1 лажица оцет, 5 г прашок за печиво (1 ќесичка), 900 г меко брашно.

Постапка: Загрејте го млекото да биде млако, путерот растопете го, а јајцата разделете ги на белки и жолчки. Двете белки и едната жолчка одат во тестото, а едната жолчка за премачкување. Во топлото млеко ставете квасец и шеќер и промешајте.

Потоа додајте малку брашно, жолчката и белките, растопениот путер (оставете една лажица за подоцна), прашокот за печиво и оцетот, па повторно добро промешајте. Додајте уште малку брашно и сол и промешајте. Потоа додајте го остатокот од брашното и замесете го тестото.

Тестото излегува меко и лепливо и затоа треба доста да се меси, околу 10 минути. Некаде на половина од месењето направете пауза и одморете се. Рацете намастувајте ги со масло за да не се лепи толку тестото. Подигнете го тестото и под него излејте го остатокот од путерот, па спуштете го и уште малку премесете го.

Покријте го со фолија и кујнска крпа и оставете го еден час на топло да стаса, а може и подолго. Стасаното тесто со намастени раце подигнете го и поделете го на 16 топчиња. Од секое формирајте кора со елипсовидна форма, па свиткате кифла.

Кифлите редете ги во плех обложен со хартија, па прекријте ги со фолија и оставете ги околу 40 минути да стасуваат. Потоа ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути или во зависност од вашата рерна. Печените кифли покријте ги со крпа да отстојат околу 10 минути, а потоа можете да ги послужите. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска