КИФЛИ меки како памук…Во тестото нема јајца и млеко, ама ги мачкам со жолчка, зашто домашните не постат…
Ако постите одозгора можете да ги премачкате со посен мајонез или вода во која сте раствориле малку мед. Еве што ви е потребно според рецептот на Светла Тончева:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
12 лажици масло
12 лажици шеќер
400 мл топла вода (може и газирана)
750 г брашно
10 г сув квасец
1 лажичка сол (опционо)
фил по желба
ПОСТАПКА:
Ако имате апарат за месење тесто, едноставно сипете ги состојките и намесете го програмот, па почекајте да биде готово. Ако месите рачно, прво растворете го квасецот во топла вода со шеќерот.
Потоа додајте ги сите останати состојки и замесете средно меко тесто кое не се лепи за рака. Оставете го покриено да ферментира додека да го удвои волуменот.
Поделете го на 8 или 16 топчиња и оставете покриени да одморат 10-тина минути. Потоа развлечете ги во овални корички и виткајте ги како што е прикажано на фотографијата или погледнете го видеото.
Филувајте ги по желба и свиткајте ги. наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Оставете ги покриени да одморат 20-30 минути за да го зголемат волуменот, а потоа премачкјате ги со жолчка.
Печете ги во загреана рерна на 200 степени, 20-тина минути. Постапката можете да ја погледнете ја ОВДЕ: