Хељдата е нутриционистички многу квалитетна псевдо житарица. Содржи есенцијални аминокиселини кои помагаат во намалување на нивото на холестерол во кр-вта и нормализирање на високиот кр-вен притисок.

Богата е со растителни влакна кои го регулираат варењето на храната, а покрај тоа, хељдата е одличен извор на минерали, особено фосфор, магнезиум, железо и цинк. Минералите од зготвената хељда се апсорбираат полесно отколку минералите од зрната и семето.

Хељдата има и најголем процент антиоксиданти меѓу житарките, а со нејзина кон.сумација се намалува ризикот од рак, дијабетес и срцеви заболувања. Хељдата може да се приготвува на различни начини, а може да се користи и во солени и во слатки јадења.

Се подготвува на ист начин како и оризот и затоа е одлична во комбинација со зеленчук или месо, како гарнир или главно јадење. Има неутрален вкус, па затоа е идеална како додаток во оброците на децата, особено во форма на каша со јогурт, мед и свежо овошје.

Oсвен во намалување на холестеролот, може да помогне и во намалувањето на шеќерот и мастите во кр-вта кои се особено важни параметри за кардиоваскуларното здравје.

Кај хељдата се утврдени низа фенолни антиоксиданти кои придонесуваат за превенцијата од малигни заболувања, но и од оксидативните оште.тувања на кардиоваскуларниот систем, црниот дроб, дигестијата, па дури и на мозокот.

Други моќни антиоксидативни компоненти утврдени кај хељда семето се: рутин, кверцетин, хлорогенична киселина, ориентин, изоориентин, витексин, изовитексин, танински материи итн.

Хељдата е богат извор на сложени јаглехидрати, протеини и растителни влакна. Сложените јаглехидрати од храната, речиси секогаш одат заедно со поголеми количества растителни влакна.

Од друга страна, јадењето храна богата со протеини, исто така поттикнува продолжено чувство на ситост, преку супресирање на т.н. хормон на гладта – грелин. Хељдата содржи протеини со уникатен аминокиселински состав. Имено, нејзините аминокиселини лизин и аргинин се доста ретки помеѓу другите видови на семиња и полнозрнести производи.

I рецепт: Kаша со хељда која спасува живот, спречува дебелеење и го штити организмот од малигни болести. Рецепти на Бонапетит.рс

Потребни состојки: вода, сол, брашно од хељда. Количината на состојките се одредува по потреба.

Подготовка: Ставете вода во еден сад, додајте малку сол и оставете да зоврие. Кога ќе зоврие, тргнете од шпоретот и додајте го хељдиното брашно. Мешајте додека да добиете хомогена смеса.

Во ваквата каша можете да додадете сирење, кајмак, јогурт, останати семиња (ореви, семки од тиква, семки од сончоглед) или можете да направите слатка каша од мед, суво грозје и брусници.

II рецепт: Хељда со брокула

Потребни состојки: 1 шолја хељда, 1 главица кромид, 1 морков, 1/2 мали главици брокула, 100 г маслинки без семка, 1 коцка за супа, 500 мл вода, малку сечкан магдонос.

Подготовка: Кромидот и морковот се сечат на коцки, а брокулата е поделена на мали издолжени гранки. На загреано масло пропршете го кромидот и морковите. Истурете две чаши вода и оставете да зоврие, а потоа додадете коцка супа.

Додајте ја брокулата и варете додека да омекне. Потоа се додава измиената хељда. Доколку е потребно, додајте повеќе сол. Кога хељдата ќе се зготви, додајте ги маслинките и малку сечкан магдонос.

Добро промешајте и смесата е подготвена за сервирање. Доколку немате брокула, може да направите витаминска салата од хељда, пченка и грашок. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска