Тој во периодот од пет години колку што го практикувал личниот режим за намалување на вишокот килограми открил дека огромен процент од луѓето веруваат во погрешни широко распространети правила за здравата исхрана. Д-р Ружиќ како основач на Академскиот центар за здравје во Риека, иновирал и своја мешавина чај која му помогнала да ослабе, но нагласува дека клучно во намалување на килограмите биле токму срушените митови за храната.

Појадокот не смее да се прескокнува

Појадокот навистина е најважен оброк, неизбежен за децата и младата популација, за дијабетичарите и другите групи луѓе со посебни прехранбени интереси. Но лицата кои имаат вишок телесна тежина, немаат други болести и наутро не се гладни, никако не треба да се присилуваат себеси да јадат под изговор на здравиот оброк. Едно овошје или чаша цедено овошје е сосема доволно за утрински внес на храна. Прво и основно за лицата кои сакаат да ослабат, вели тој е да јадат во оној период од денот кога чувствуваат глад. Секако, тоа не би требало да биде најмалку два часа пред спиење.

Компирот и тестенините дебелеат

Не е вистина дека компирот и тестенините дебелеат, нагласува д-р Ружиќ. Компирот е нискокалорична намирница (68 кал/100 г) и одлична состојка за дневниот оброк. Дебелее компирот кој ќе се напие маснотии, бидејќи маснотиите имаа висока калорсика вредност (900 кал/100 г). Тестенините пак, имаат 350 калории пред варење и околу 175 калории во 100 г по варењето. Дебелеат сосовите кои по правило имаат многу калории поради високиот удел на маснотии. Ако тестенината ја подготвувате без маснотија и со поголема количина зеленчук или немасен сос од домати, таа е одличен ручек со кој може да ослабете, објаснува д-р Ружиќ.

Маслиновото масло е добро за слабеење

Маслиновото масло е исклучителна намирница, најдобар зејтин кој го познаваме, но како и останатите зејтини е многу калоричен. Минималната дневна доза масло е 10 грама што е околу 90 калории. Секој кој сака да олабе треба да држи до ова правило. Салатите немојте да ги зачинувате со зејтин, вели кардиологот.

Сирењето е здрава намирница

Сирењата и кашкавалот се високомасни производи чие влијание на здравјето во голема мера зависи од сировината од која се направени (видот и потеклото на млекото, чувањето на животните кои даваат млеко) и од технологијата. Сирењата треба максимално да се редуцираат во текот на слабеењето, а во исхраната треба да се третираат како замена за маснотии. Во некои денови количината предвидено масло, може да ја замените со иста количина сирење.

Треба да пиете што повеќе вода

Ниту еден пијалак, па ни водата не треба да се консумира со јадењето, вели д-р Ружиќ. Кога јадеме и истовремено пиеме макар и вода, несвесно го забрзуваме внесот на храна, а докажано е дека лицата кои пребрзо јадат имаат изразена склоност кон дебелеење.