КАНАБИС И КОКОСОВО МАСЛО – Моќна комбинација!

И двете се критикуваат веќе со години, иако, кокосовото масло, како и канабисот, имаат неверојатни лековити својства кои можат да помогнат во безброј здравствени состојби.

Кокосовото масло во минатиот век беше озлогласено како опасна заситена маст која доведува до состојби како зголемен холестерол, дебелина, срцеви заболувања и што ли уште не.

Меѓутоа, последните истражувања неколку децении наназад, особено истражувањата врз племињата Токелауани и Китавани од јужниот Пацифик, покажале дека овие луѓе се едни меѓу најздравите во светот.

Тие практично живеат од кокосовото масло и наместо да имаат затнати артерии, дебелина и срцеви заболувања, вистината е токму спротивната.

Лековити дејства

Всушност, консумацијата на кокосово масло придонесува за добро здравје на срцето, промоција на губиток на вишокот килограми, јакнење на имунолошкиот систем, регенерација на кожата и претставува одличен извор на енергија.

Кокосовото масло е исто така еден од најдобрите светски антивирусни средства, антибактериски и антифунгални лекови. Тоа содржи многу голема количина на лауринска киселина – што е многу корисно за човековиот имунолошки систем.

Канабисот, секако, е озлогласен како опасен лек со “неможност за моментно прифаќање во медицинска примена”. Само во последните неколку години канабисот бече декриминализиран, а луѓето насекаде ја реализираа неговата голема тераписка ефикасност за безброј болести и пореметувања.

КОМБИНАЦИЈА ОД КОКОСОВО МАСЛО И КАНАБИС

Еден од најлесните, најсигурните и најздравите начини да се апсорбира медицинската марихуана е да се промеша со кокосово масло.

Постојат неколку различни начини како да се направи ова, а крајниот резултат е канабиноидно-спакуван лек кој може да се вметне во речиси било која храна.

Канабисот и кокосовото масло може да се комбинираат и да се проголтаат во едноставни капсули или може да се промешаат во топол напиток или да се применат локално на кожа.

Токму таа разновидност ја прави оваа комбинација толку популарна.

Дури и самото земање на маслото од канабис со величина на грашок е многу лековито кога ќе се комбинира со малку сирово кокосово масло. Се смета дека на тој начин се зголемува биорасположивоста на канабисот, со што се забрзува процесот на активација и се продолжува ефектот.

Кокосовото масло е релативно евтино, но сепак одбирајте квалитетно, органско.

Loading...