Бранка Мирковиќ нутриционист објаснува каква треба да биде трпезата за прзаниците и што да јадат кардиолошките пациенти, дијабетичарите и заболените од рак. Празничната трпеза може да биде богата, но оброците треба да бидат приготвени на здрав начин.

Во човековата природа е  да се радува на претстојните празници, на Нова година, Божиќ и славите кои следат.. Секогаш се приготвуваат традиционални јадења кои за зимскиот период се карактеризираат по тоа што се доста масни, зачинети и многу калорични.

– Сепак треба да мислиме и нашите блиски кои бездруго веќе доста патат од тегобите на некоја хронична болест. Потребно е малку внимание и трпение за да им се направат празниците да им бидат убави и лесни, да уживаат со семејството и дружењето во заедничките оброци.

Прилагодете го менито и уживајте во животот заедно со своите најблиски кои боледуваат, односно имаат некакви здравствени тегоби – советува Бранка Мирковиќ, нутрицинист, за Е-Клиника и предлага како треба да се приготват оброците за овие три групи заболени.

Едно заедничко правило кое важи за сите, како за оние со хроминични болни, така и за здравите – е да нема прејадување. ЗАБОЛЕНИ ОД КАРДИОВАСКУЛАРНИ БОЛЕСТИ – Тие можат да јадат речиси сè, само потребно е да одберат помалку масни меса, најдобро мисиркино и пилешко.

За да истече маснотијата на дното од садот за печење, потребно е да ставите крупно сечен кромид, морков и целер, да биде покриено дното со зеленчук. Ставете само малку масло за да ја намачкате кожичката и контролирајте ја солта и зачините со натриум.

на минимум. Кога ќе се олади печењето, отстранете ја кожичката, а најнемасниот дел од градите исечкајте го на парченца. Наместо пекарски компир, истиот само сварете го, исечете го на коцки и со многу малку сок од печењето наросете го одозгора и потпечете го во рерна.

Сармите можете да ги приготвите од немасно јунешко или телешко месо, со малку зачини. Важно е само зелката добро да ја исперете и да отстои во ладна вода за да се намали количината на сол. Се препорачуваат млади сирења, а наместо солено суво месо, правете ролнички од мисиркини гради и ајвар.

Направете салата од рендан морков и целер, па додадете зачини и соединете со јогурт или кисело млеко. Наполнете издлабен домат со младо сирење.. Покрај тоа послужете и доста свежа салата за да се јаде помалку месо, а повеќе салата. За десерт може да се послужи и овошна салата.

ДИЈАБЕТИЧАРИ – Менито за дијабетичари зависи од типот на дијабетесот, но треба да се напомене дека многумина имаат и преддијабетна состојба, односно инсулинска резистенција. Се знае дека не треба да јадат слатки, колачи, торти и разни други десерти.

Меѓутоа, обратете внимание и на јаглехидратите, а тоа значи леб, проја, пити и сл. кои исто така, треба да се одбегнуваат или да се намалат на минимум. Нема оправдување – еднаш е Нова година, па после… Припремете говедска или пилешка чорба со лимон, но без тестенини, кнедли, компир и морков.

Сварете нормална супа, но откако ќе се свари, исфрлете го врзотпот за супа кој вообичаено се става и само на крај додадете многу тенко исечкан морков, неколку тркалца и малку цветчиња од карфиол и брокула. Зачинете со павлака и лимон, а може да наросите и свежо сечкан магдонос.

Сармата направете ја слатка од испрана кисела зелка, со јунешко или телешко и без ориз и соја, само додадете малку мелени ореви за да се соедини. Печењето може да биде од парче јунешко, телешко, мисиркини или пилешки гради. Обарете на пареа или на скара испечете разновиден зеленчук како прилог на печењето.

Десертот може да биде печена тиква, печено јаболко или пире од јаболко со цимет. Нека биде богата вашата трпеза со разни салати во што повеќе бои. ЗАБОЛЕНИ ОД РАК – Исхраната зависи од фазата на болеста и на кој орган се наоѓа. Секогаш постои можност да се приготви храна која ќе им годи и ќе им го подобри расположението и на овие пациенти.

Испечете пилешко филе во рерна со многу малку масло и вода, бела морска риба, а како прилог пригответе зеленчук обарен на пареа или на топол воздух. Нека има колку може поразновиден зеленчук, од сите бои. Направете поголема количина витаминска салата, додадете “бејби” спанаќ, рукола, шери домати.

Пирето покрај месото може да го направите од целер, брокула, карфиол, морков. Направете декорации во различни бои. Додадете печен сусам, печен бадем, мелени ореви. За десерт направете “салама” од суво и јаткасто овошје, пудинг од чија семе со шумско овошје и грчки јогурт.