Со овој трик се служат и познатите личности,а техниката, мора да признаеме дека прави чудо.

Секоја жена сака да има густа коса, но некои дами едноставно имаат тенко влакно, па таквата коса навистина е проблематична за одржување.

Па затоа, денес побаравме ефикасен трик од познатата фризерка Џен Аткин која се грижи за изгледот на славните ѕвезди, меѓу кои е и Кендал Џенер.

Техниката со која се служи оваа вешта фризерка, воопшто не е тешка, а се добива одличен визуелен ефект – резултат – погуста коса.

Потребна ви е само сенка за очи. Но, важно е сенката да ја одберете во боја која е иста или најмногу слична до бојата на вашата коса. Може да одберете и малку посветла нијанса.

Следете ги следните чекори:

Најпрво, направете плетенка/плетенки или фризура на која се гледа патецот. Овој метод се користи само за коса која е собрана, сплетена во плетенка или фризура која бара гел или лак за коса.

Доколку косата ви е слободно пуштена, веројатно нема да има никаков ефект.

Земете ја сенката за очи или за веѓи која 100% или барем 90% одговара на бојата на вашата коса. Потоа со четка за руменило пополнете ги сите празнини на темето.

Што сте постигнале?

Ќе добиете визуелен ефект дека имате повеќе коса на сите “ќелави” места. Единствениот недостиг на оваа техника е што трае само до следното миење на косата.