Кошмарните соништа воопшто не се забавни. Застрашувачки се, нè будат, а според најновото истражување објавено во стручното списание Sleep Medicine, ноќните кошмари стануваат сè почести како минуваат годините, а ние старееме.

ПОСЛЕДИЦИ ОД НОЌНИТЕ КОШМАРИ: Оваа студија имала за цел засебно посматрање на ноќните кошмари кај постарата популација.

Биле испитани 2.940 учесници, на просечна возраст од 63 години, кои пополниле прашалници за кошмарните соништа, квалитетот на сонот, стресот и депресијата.

Во гупата составена од лица на возраст постари од 50 години, 2,7% пријавиле дека имаат ноќни кошмари. Во групата постари од 70 години тој процент скокнал на 6,3%, што авторите на студијата го нарекуваат за “значително поголем процент”.

Покрај тоа, оние кои искусиле ноќни кошмари имале и “значително поголем проблем со спиењето, поголеми само-уб-иствени идеи, биле подепресивни и под поголем стрес, споредбено со групата која немала ноќни кошмари, се вели во истражувањето.

Дополнителните истражувања исто така, укажуваат на тоа дека несоницата е сè поприсутна со годините, истакнувајќи го значењето од хигиената на спиењето, особено за постарата популација.

3 СОВЕТИ ЗА ПОДОБРО СПИЕЊЕ И ПРОТИВ НОЌНИ КОШМАРИ: Да ги контролираме соништата не можеме, ниту да одбереме она што ќе го сонуваме додека спиеме, но, научниците велат дека постојат превентивни мерки кои можете да ги преземете за да спиете помирно и да ги одбегнете ноќните кошмари.

МАГНЕЗИУМ ПРЕД СПИЕЊЕ – За да си помогнете себеси и полесно да потонете во длабок сон, пробајте навечер да додадете магнезиум како таблета или како прав.

Во едно испитување се покажало дека магнезиумот им помогнал на пациентите полесно да се изборат со симптомите на несоница, побрзо да заспијат и подолго да спијат.

Дополнителни истражувања исто така, покажале дека овој минерал може да помогне и кај ублажување на стресот. Лекарите велат дека дури и лицата кои лесно заспиваат, но потоа се будат среде ноќ, треба да земат магнезиум непосредно пред спиењето за да поддржи стабилен сон.

ПРОВЕРЕТЕ ГО ТЕРМОСТАТОТ: истражувањата покажуваат дека премногу топлата просторија за спиење може да доведе до силен и кошмарен сон. Експертите велат дека оптимална температура за спиење е 18,5 степени Ц. Тоа значи дека спалната соба пред да заминете на спиење, треба добро да се проветри за да влезе свеж воздух, да не се загрева премногу доколку е сепак многу студено.

НЕ ЈАДЕТЕ ПРЕД СПИЕЊЕ – И на крај, доколку сакате нешто да изедете пред спиење, а потоа откриете дека имате ноќни кошмари, тогаш можеби е време да се откажете од таа навика. Истражувањата покажуваат дека храната која ја јдеме, особено пред спиење, може да влијае врз квалитетот на нашето спиење. Покрај кошмарните соништа, не заборавајте дека јадењето пред спиење може да ве здебели, да ви предизвика дигестивни пречки во текот на спиењето и низа други здравствени проблеми.

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА КВАЛИТЕТЕН СОН – Микој не сака среде ноќ да биде разбуден од некој грд сон. А ваквите соништа го реметат квалитетот на спиењето кое е пресудно за општо здравје на човекот.

Со оглед на тоа што сега знаеме дека со текот на годините, би можело да дојде до влошување на квалитетот на спиењето, важно е да преземеме чекори, односно да се приготвиме за добар сон за да му овозможиме на телото длабок одмор кој многу му е потребен.