Во тенџерето ставете зеленчук и месо, па динстајте и ќе подготвите вистинско домашно зготвено јадење.

Кога ќе слушнете за селски лонец, помислувате на некое древно и добро проверено јадење за кое треба долго време да се готви, но поради тоа вкусот е незаборавен.

Овој рецепт за тенџере полно со зеленчук и месо е токму таков. Потребно е подолго време да се динста, но не е комплицирано за подготовка, а можете да го послужите 2 дена за ручек. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 главици кромид, 3 моркови, 2 зелени пиперки, 1 црвена пиперка, 2 компири, 400 г печурки, 2 домати, 4 чешниња лук, 1 лажица доматна паста, 100 мл сос од домати, 770 г месо по желба, 1 литар вода

ПОСТАПКА: Кромидот и морковот исечкајте ги и пропржете ги на масло. Потоа додајте ја сечканата црвена и зелена пиперка и измешајте. Варете додека да омекне. Потоа додајте ги сечканите печурки и измешајте. Поклопете и варете додека да омекне.

Потоа додајте ги компирите кои претходно сте ги исечкале, како и цели и излупени чешниња лук. Добро измешајте и поклопете. Гответе додека да омекне, а потоа додајте ја доматната паста и сосот. Добро измешајте и поклопете, па варете додека да почне да врие.

Потоа додајте ги исечканите домати, зачинете по желба, убаво измешајте и варете уште неколку минути под капак. Месото згответе го во тенџере по желба и исечкајте го на коцки, па додајте го во тенџерето и убаво измешајте.

Додајте вода по потреба и поклопете. Кога ќе почне да врие, намалете ја температура и динстајте го месото со зеленчукот уште малку, па вашето јадење е готово. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.