Како се прави добра запршка за грав: Ако овде погрешите, ќе ви пропадне јадењето

Јадењата со запршка се дел од Балканската кујна и честопати се на нашата трпеза бидејќи и највкусни и најзаситни.

Па така на пример, варениот грав може да се приготви како вистински деликатес или како чисто промашување, доколку не го приготвите со добра запршка.

Гравот може да се запржи на неколку начини, а секој начин има свој посебен вкус. Во некои краишта запршката се прави со свинска маст, во други со сланина, некои ја прават со масло/вода и брашно, а кај некои нема дури ниту брашно.

КЛАСИЧНА ЗАПРШКА ЗА ГРАВ

Се приготвува од масло, брашно и мелен црвен пипер. Постапката е лесна: Брашното се запржува во загреано масло додека да добие златна боја, се додава црвен пипер и полека се разредува со малку течност од тенџерето. Потоа се враќа назад во сварениот грав и по желба се остава уште неколку минути на оган.

ЗАПРШКА СО КРОМИД И ДОМАТ

Loading...

Прво гравот се вари, а потоа во друг сад се запржува 1-2 сечкани главици кромид додека да омекне, па се додава мелен домат и црвен мелен пипер.

Кога водата ќе испари, додадете малку брашно растворено во вода, а потоа сварениот грав. Варете го јадењето додека да згусне.

ЗАПРШКА БЕЗ БРАШНО

Популарна е во некои краеви од источна Македонија, а се приготвува на следниот начин: Прво се вари гравот, а во меѓувреме во друг сад се загрева масло. Со решеткаста лажица се вади граво и се става во маслото и истовремено се притиска за да се изгмечи.

Потоа се префрла во остатокот од гравот, се зачинува со нане, чубрица, мелен црвен пипер и лесно се промешува.

Како вие го приготвувате гравот? Каква запршка приготвувате? Споделете со нас во коментар!

Loading...