Како се менува вагината со текот на годините

Ако немате навика да ги прегледувате своите интимни делови, можеби не сте свесни за фактот дека вашата вагина се менува како што стареете, токму како и остатокот на телото…

 

Секако, секоја жена – и секоја вагина – е поинаква, но еве што можете да очекувате:

 

ТРИЕСЕТТИ

 

Ако со години користите контрацепциски пилули, можете да забележите сувост на вагината.

 

Овие пилули ја спречуваат овулацијата, а на тој начин ја намалуваат и влажноста секој месец во тој период. Ако имате родено, може да забележите дека срамните усни ја промениле бојата и сега се потемни.

Иако мускулите на вагината се способни да се вратат во нормала после пораѓајот, може да се случи опуштање на мускулатурата поради тежок пораѓај.

 

За да одбегнете инконтиненција, задолжително вежбајте ги мускулите од карличниот дел.

 

ЧЕТИРИЕСЕТТИ

 

Ако со години ги бричите или депилирате влакненцата од интимната зона сега може да забележите промени во пигментација на кожата. Влакненцата стануваат потенки, а тоа може да се препише на стареењето.

 

Падот на естрогенот сигнализира почеток на менопауза па може да имате проблем со сувост на вагината и промени во вид на опуштање на мускулите.

 

ПЕДЕСЕТТИ

 

Во текот на менопаузата може да забележите најмногу промени. Недостиг на естроген доведува до помалку еластична и сува вагина, што може да ги отежне сексуалните односи.

 

Се менува и рН на вагината, што исто така е резултат на пад на естрогенот. Тоа може да предизвика инфекции поради бактериите кои се „населуваат“ на оваа област.

 

ШЕЕСЕТТИ

 

Брановите на жештина и потење може да потраат и неколку години, а потоа состојбата на вагината се влошува. Околу 50 до 60% од жените се жалат на сувост на вагината.

 

Во шеесеттите години, сексот може да биде проблематичен и да биде непријатен.

 

Жените во постменопауза исто така, може да доживеат сериозни промени, како што е пролапс на сврзното ткиво кое ја држи матката, грлото на матката, па дури и цревата. Ако состојбата е сериозна, потребна е консултација со лекар.

Loading...