Настасја Недимовиќ се опишува себеси како „канцер инфлуенсерка“. За нас таа е голем борец, жена која е инспирација за многумина кои се соочуваат со тешки болести. Имено, на оваа жена на само 27 годишна возраст и за време на бременоста и бил дијагностициран рак.

Оваа храбра жена често говори за своето патешествите и борба за живот, па деталите од својата животна приказна ги споделува на Инстаграм. Настасија речиси цел живот се занимавала со спорт. Во ватерполото се вљубила кога имала само десет години, а љубовта и траела со години.

Спортистката заедно со сопругот Немања ја добиле ќерката Ниа, а една година подоцна забременила и по втор пат. Никој не можел да претпостави дека на таа возраст и во текот на втората бременост, Настасија ќе мора да се соочува со сериозен здравствен проблем.

„Здравјето наеднаш ме издаде, болките во грбот ми се засилија, а хемоглобинот почна нагло да ми паѓа. Се чувствував повеќе поспано и помалку функционално. Редовно одев на прегледи поврзани со бременоста, како и на хематолог.

Докторите со месеци тврдеа дека сè ми е од бременоста и дека можам да издржам до 9-ти месец. Ми дава кортикостероиди за подобрување на мојата состојба. Имав страшни грчеви по целото тело, а најмногу во пределот на грбот.

Итната помош не можеше да направи ништо посебно освен да ми даде бенседин“, открива Настасија, објаснувајќи дека со текот на времето болките се влошувале.

Во декември бев примена во болница, во 7. месец од бременоста, каде ми направавија пункција на коскена срцевина од градната коска. Ми поставија дијагноза – мултиплекс миелом (хроничен рак на коскена срцевина), а по неколку дена ме породија со царски рез.

Син ми Вук (роден два месеци предвреме) и јас го некако го преживеавме пораѓајот, иако шансите беа многу мали, раскажа таа, пренесува порталот „Спортфем“. Таа на својот Инстаграм профил открива како успеала да ја „победи прогнозата од 5 години живот“.

„Како тоа јас сум сè уште жива иако ми дадоа само уште 5 години живот. Мултиплекс миелом е хроничен карцином кај кој прогнозата за животниот век на пациентот е само 5 години“, објасни Настасија и откри 5 клучни работи кои се меѓусебно поврзани и не поминуваат едно без друго:

-Челична волја и стабилна психа; Урамнотежена и здрава исхрана; Физичка активност; Квалитетно спиење; Љубов, насмевка и семејна поддршка.

При своето гостување во „РТС Ординација“ Настасја Недимовиќ упати порака и ги советуваше сите оние кои се борат со некој свој предизвик, да веруваат во себе и да се сакаат себеси, а исто така пренесе и една многу важна порака:

„Сакам да кажам дека ракот е „запирка“, а не „точка“ – ја обожавам оваа реченица, бидејќи покажува дека само малку се сопнуваш од болеста и продолжуваш, бидејќи нема откажување. Самодисциплината е важна затоа што лекарот нема само да дојде и да ја вклучи инфузијата и да ве излечи.

Важно е да работите напорно на себе, а ако не можеме сами да се справиме, мислам дека треба да побараме стручна помош. Тешко ви е додека сето ова се случува, но треба да знаеме дека има крај, дека има „светлина на крајот од тунелот“.

Треба само да доползиме до таа светлина, ако треба“, заклучи енергичната Настасја Недимовиќ. Интервјуто со Настасија каде таа раскажува за своето патешествие и борба со болеста можете да го слушнете ОВДЕ.