Еве какви луѓе ни се потребни во животот и кои секогаш треба да ги избегнуваме.

Познатиот психијатар, филозоф, теолог и писател Владета Јеротиќ (1924-2018) со својата работа и знаење остави длабока трага на повеќе области.

Познатиот академик се стекнал со диплома по медицина, а потоа се фокусирал на психијатрија. Неговата стручност и посветеност на пациентите го направија познат лекар и учител.

Сепак, интересот на Јеротиќ бил многу поширок од медицината и тој се посветил на проучување на религијата и филозофијата.

Неговите дела допираат теми како што се развојот, моралот, слободата и смислата на животот. Неговата мудрост и интроспекција ги освоија читателите ширум светот.

Тој беше одличен и како предавач, а неговите проповеди и денес инспирираат и охрабруваат многумина. Тој беше отворен за разговори за животните прашања и ги охрабруваше луѓето да тргнат на внатрешно патување на самооткривање.

Тој често зборуваше на предавања, како и во неговите книги, за меѓучовечките односи, односите меѓу партнерите, бракот, родителството и пријателствата.

Кога бараме пријатели, често се потпираме на фактот дека имаме слични интереси, дека тие се добри луѓе, дека имаме заеднички визии, дека ова е некој на кој можеме да се потпреме. Но, што се случува кога пријателот ќе ни ја посочи грешката? Па, како да реагираме?

Академик Владета Јеротиќ велеше: „Барајте луѓе кои праведно ќе ве критикуваат и кои ќе ви кажат нешто што ќе ве засегне и ќе речете – „Благодарам.“; „Во право си, ќе се потрудам да се поправам.“

Во ова може да се скрие и тест за пријателство. Вистинскиот пријател е искрен, тоа е врска во која нема маски или изговори, па нè потсетува легендарниот Јеротиќ – „учиме од нашите непријатели, а не од пријателитете“:

„Воопшто не сакаме да ги слушаме противниците. И тоа одамна го знаевте: учиме од нашите непријатели, а не од нашите пријатели. Па кој е твојот пријател? Пријател е оној што насамо ќе му каже на другиот пријател:

„Што ти се случи вчера, зошто така кажа? Што се случи со тебе, зошто го направи тоа?“ Тогаш, оној другиот пријател на кој му било укажано, треба малку да размисли за постапките, да донесе заклучок и да се заблагодари:

„Во право си, драг мој. Ти благодарам бескрајно.“ А да беше само лажен пријател, ќе речеше: „Па ти ли најде тоа мене да ми го кажуваш! Од денес повеќе не си мој пријател.“ Еве ви тест за пријателство.

Слушнете ја вистината од пријател, ако се осмели да ви ја каже. Пријателот се плаши да ви ја каже вистината во лице. Се плаши да не го изгуби пријателот.

Па, во тој случај, вистината секако ќе ја слушнете од некој непријател. Се разбира, ќе биде делумна, затоа што непријателот често претерува. Тоа се подразбира“, заклучил тој.