Како да замесите НАЈСОВРШЕНА ВЕЛИГДЕНСКА ПОГАЧА…Мека како памук…Декоративна, но и многу вкусна. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
250 мл млако млеко
25 г свеж квасец
1 лажица шеќер
1 јајце и 1 белка
жолчка за премачкување
150 мл јогурт на собна температура
100 мл масло
700 г брашно Т 400 меко
1 лажичка сол
малку масло за премачкување (30 мл)
малку млеко за премачкување
сусам за посипување
тепсија 28 см
ПОСТАПКА:
1.Во топлото млеко растворете го квасецот со лажица шеќер, па додајте едно јајце и една белка. Дпдајте ги маслото и јогуртот, па започнете постепено да го додавате брашното со лажичка сол.
2.Замесете меко тесто кое не се лепи за рака. Покријте го и оставете да ферментира 40-60 минути или колку што е потребно за да го удвои волуменот.
3.Стасаното тесто истресете го на набрашнета површина и поделете го на 8 топчиња (2х4). Секое топче развлечете го во долгнавеста, елипсовидна кора.
Преку цела површина премачкјате ја со масло, па свиткајте ја во долгнавест ролат како тенок валјак.
4.При врвот спојте 4 краци и сплетете плетенка. Двете плетенки спијте ги како венче во тепсија обложена со хартија за печење.
5.Погачата премачкјате ја со млеко, покријте ја со кеса и оставете ја да ферментира и да го зголеми волуменот (15-тина минути).
6.Стасаната погача премачкјате ја со жолчка и посипете ја со сусам, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, 35 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/JK82QfrkIxA?si=BNZehgK5VECs_j69