Последното нешто што сакате да ви се случи кога сте на одмор е да се разболите. Но тоа може да се случи навистина лесно кога се наоѓате во друга држава. Луѓето многу често се разболуваат за време на патување, најмногу поради тоа што се изложени на бактерии. Кога патувате допирате многу површини покриени со бактерии и вируси како брави, послужавници, седишта, пари и слично. Најчесто е речиси невозможно да ги избегнете овие бактерии, но постојат неколку трикови кои ќе ви помогнат да го намалите нивното влијание.
Пиење локална вода
Не само вода, туку консумирање кој било производ што не е исчистен од бактерии. Речиси секој има приказна со труење или дијареја поради пиење локална вода во странство. Ова значи дека е најдобро да јадете спакувана храна. Едноставно, проверете ги стандардите и предупредувањата за храната и водата на местото коешто го посетувате.
Претерано планирање
Деталното планирање на патувањето може навистина да ве разболи. Во ред е да имате цели за патувањето, но не треба да претерате и да го направите целото искуство постресно од што треба да биде. Важно е да се потсетите дека сте таму за да се релаксирате. Можеби нема да видите и да направите сè што сте сакале. Но ако се опуштите ќе се чувствувате подобро и ќе имате причина уште еднаш да го посетите местото.
Болест „слободно време“
Изгледа дека оваа болест навистина постои. Според едно истражување, речиси 3 % од луѓето искусуваат симптоми додека патуваат како што се главоболки, вртоглавица, замор, болки во мускулите и гадење. Истражувачите веруваат дека причината е, веројатно, поради стресот кој доаѓа со патувањето. Овде спаѓаат психичките ефекти од промената на распоредот и физичкиот стрес од далечното патување. Најдобриот начин да се справите со ова е да обрнувате внимание на реакциите на вашето тело за време на секое патување. Ако се чувствувате ужасно по еден ден патување, размислете дали сте пиеле доволно вода, дали сте јаделе добро и дали сте наспани.
Заразување во јавен превоз
Можеби ви се има случено нешто вакво. Конечно влеговте во авионот или автобусот и сфаќате дека го делите седиштето со болна личност. Повеќето средства за јавен превоз, како авионите, прават циркулација на воздухот. Ова значи дека вие и болната личност ќе го делите воздухот во текот на целото патување. За жал, не можете да направите многу во врска со ова освен да ги измиете рацете откако ќе стигнете, да се избањате и да ја промените облеката.
Не се подготвувате за физичките последици од патувањето
За жал, физичките последици се дел од речиси секое патување, особено ако сте склони кон гадење и ако не спиете доволно. Најдобро е да се обидете да спиете за време на патот и да се обидете да се прилагодите на новата временска зона. Важно е да спиете од 7 до 8 часа – на овој начин ќе го одржите вашиот имунитет јак за време на патувањата.