Слабеењето е се’ уште табу тема на денешницата. Додека едни заговараат брзи диети во кои за само 10 денови може да ослабете 10 килограми, други заговараат магични капсули кои имаат ист таков ефект, додека вие седите пред телевизор и гледате серии.

Таканаречените „брзи диети“ може да направат да изгубите 10 килограми вишок, но тие изгубени килограми ќе се вратат со иста брзина со која сте ги елиминирале, бидејќи во 10 дена-брза диета – може да се изгуби само вода, а не и масно ткиво.

Што се однесува до магичните капсули, така ги нарекуваме саркастично, тие нема да слабеат наместо вас, но ако говориме за додатоци во исхраната, тие засигурно можат да го поттикнат вашиот организам да губи масти, без нарушување на здравјето.

Заборавете на брз губиток на килограмите, бидејќи во тој случај ќе изгубите само вода, а килограмите за кратко време ќе се вратат, а вие ќе бидете незадоволни. Значи, заборавете ги сега и во иднина, брзите диети со чија помош за 10 дена се губат 10 кг и фокусирајте се на здраво слабеење.

ВО КО ВРЕМЕНСКИ РОК МОЖЕ ДА ОСЛАБАМ 10 КГ?

Губитокот на килограми варира од човек до човек и всушност, најмногу зависи од метаболизмот на индивидуата, а секако и од вложениот труд. Ако метаболизмот е брз, килограмите секако дека ќе се елиминираат побрзо, а доколку е спор, ќе бидат потребни некои додатоци за да може тој да се забрза.

Никогаш не се изгладнувајте за побрзо да ослабете, подобро сменете ја исхраната и започнете да вежбате. Здравата исхрана и вежбањето ќе имаат поспори резултати од изгладнувањето, но подоцна тие килограми нема така лесно да ви се вратат.

Некој временски период за „топење“ на 10 килограми е отприлика 2 до 3 месеци.

ЗДРАВО СЛАБЕЕЊЕ

Морам ли постојано да трчам за да ослабам 10 кг?

Уште една грешка при слабеењето е избор на само кардио вежби. Овие вежби се всушност многу добри за слабеење, но ако само трчате, ќе губите покрај масно ткиво и мускуло, што никако не е препорачливо. Тоа ќе резултира со исцрпено и слабо тело, што значи – ништо од затегнат задник и силни стомачни мускули.

Најдобро е да ги комбинирате кардио вежбите со вежби за мускулна сила. Не плашете се од тегови, тие ќе ви помогнат да ги зацврстите мускулите и да го обликувате телото, а ако работите со тегови од помала килажа, нема да се „набилдате“.

Исто така, кога правите кардио вежби, не се ограничувајте само на лента за трчање, туку во својата рутина воведете и возење на велосипед, пливање или веслање.

Бидете трпеливи и ослабете на правилен начин. Со брзи диети ќе ги изгубите вишокот килограми, но истите ќе се вратат со уште поголема брзина, а тогаш ќе бидете многу разочарани и уште повеќе се здебелите.

Неколку месеци за слабеење на 10 килограми не е многу,ма долгорочно ќе бидете многу позадоволни со своето тело и успехот.

ДОДАТОЦИ ВО ИСХРАНАТА ЗА СЛАБЕЕЊЕ

Во здравото слабеење може да ви помогнат природните додатоци во исхраната бидејќи го поттикнуваат метаболизмот и ја зголемуваат термогенезата, односно, топењето на масните наслаги.