Во современиот свет поради променливите животни услови (урбанизација, слаби моторички активности) од 40 до 80% од светското население пати од окостување.

Остеохондроза не е само таложење на соли во ‘рбетот. Ова е само дел, т.е. последен стадиум на болеста. Суштината на окостувањето е уништување на коските и губиток на флексибилноста на ‘рскавичниот дел и лигаментите на ‘рбетот и другите зглобови.

И она што е најважно, онаму каде што сè започнува, е изгубената флексибилност на ‘рскавичниот интерветебрален диск. Лекувањето на остеохондрозата е тежок и сложен проблем, кој вклучува многу различни методи, вклучително хируршка интервенција. Ова се неколку средства и методи на традиционалната медицина кои можат да се применуваат во домашни услови.

НАЈПРВО ИСФРЛЕТЕ ГИ СОЛИТЕ ОД ОРГАНИЗМОТ СО ПРИЧИСТИТЕЛЕН ОРИЗ

Пред почетокот на лекувањето, најпрво е потребно да се исчисти организмот од солите. За да се постигне тоа постојат многу различни техники, но ова е еден проверен и ефикасен метод: Секое утро наместо вообичаениот појадок изедете специјално приготвен прочистувачки ориз. Се приготвува на следниот начин:

Потопете околу 70 г ориз во вода и оставете го да стои 2 до 3 часа. Потоа тој ориз ставете го на оган и откако ќе зоврие варете го 1-2 минути, па тргнете го на страна. Процедете ја водата и потоа исперете го оризот во три води. Четвртиот пат оризот само процедете го и додадете му малку мед или путер. Вака приготвениот ориз јадете како каша за појадок.

ПОСЛЕ ОРИЗОТ ДО РУЧЕК ПИЈТЕ САМО ВОДА

До ручекот немојте ништо да јадете, пијте само вода. Ручајте и вечерајте вообичаено, но само солта намалете ја колку што можете повеќе. Вака хранете се во текот на еден месец, што ќе ви помогне да ослабете и од организмот да исфрлите 3 до 3,5 кг соли од организмот.

Кога организмот ќе ги исфрли солите, телото буквално ќе се подмлади: крвниот притисок ќе се нормализира, болките во пределот на срцето ќе престанат.

ОТКАКО ЌЕ СЕ ПРОЧИСТИТЕ, МОЖЕ ДА ГО ЗАПОЧНЕТЕ ЛЕКУВАЊЕТО

Сега кога сте го исчистиле телото од соли и токсини, може да го започнете процесот на лекување со природна медицина. Ако наутро го јадете оризот, навечер и преку ден пијте го следниот чај:

МОЌЕН ЧАЈ

Мешавина од овие билки: Корен од чичок, корен од пиреј, трева вероника (велигденче), тробојна љубичица, сите во еднакви делови. Сомелете ја мешавината во прав. 40 г од оваа мешавина сварете ја во 1 литар вода во текот на 15 минути. Се пие по половина шолја 4 до 5 пати дневно, еден час после јадење. Овој моќен чај ќе го излекува окостувањето и артритисот, ќе го исчисти телото од токсините, а некои искуства велат дека помага и во лекување на рак.

ДОКТОР ЊУМАНОВО ЧИСТЕЊЕ НА ТЕЛОТО СО СОКОВИ

Секое утро после будење, една лажица епсом сол растворете во половина чаша вода, додадете сок од два лимони, па уште една чаша врела вода. Сето тоа испијте го заедно.

После половина час исцедете еднакви количини сок од морков, целер и лимон, па половина чаша од мешавината разредете со половина чаша дестилирана вода и испијте. На секој половина час треба да испиете по една ваква чаша. Друга храна не смеете да консумирате, но ако премногу сте гладни, тогаш изедете еден портокал.

Целта е да изгладнете колку можете повеќе, бидејќи само така може да ја исфрлите солта од организмот.

КОМПИР ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ОСТЕОХОНДРОЗА

Лекарите препорачуваат употреба на компир во исхраната за лекување на остеохондроза:

Компирот измијте го добро и исечете го на парчиња со дебелина од 3 до 5 мм заедно со кората. Ставете еден компир во три литри зовриена вода и варете еден час на тивок оган без сол. Исечкајте ситно магдонос, целер и копар, па додадете во компирот. Јадете го ова секој ден во текот на 10 дена. Болката од окостувањето ќе исчезне за 7 до 10 дена.