Лимоните се преполни со витамини и антиоксиданти, а сигурно ќе се сложите дека се едни од најздравите овошја. Целиот плод заедно со неговата жолта кора која ја обвива сочната пулпа – е преполн со витамин Ц, но и други витамини и минерали кои само вака спакувани заедно може организмот лесно да ги апcopбира, пишува НМД.




Можеби ќе се изненадите, но неговата кора е уште поздрава од лимоновиот сок, но за жал начесто ја фрламе и ја сметаме за нејадлива. Оние што знаат, сепак ја консумираат на најразлични начини: ја рендаат и додаваат во десерти, супи, сокови и смудиња, или го смрзнуваат целиот плод за подоцнежна употреба.




Бидејќи секој не може да си дозволи да набави домашни одгледани, органски лимони, пожелно е купечките лимони претходно да се истретираат, добро да се измијат и да отстојат во раствор со оцет или сода бикарбона. Семките се фрлаат бидејќи многу горчат, но истите може да се сочуваат доколку сакате да одгледате лимоново дрво, во домашни услови.




Веројатно сте запознати со сите бенефити од лимонот, но да се потсетиме на оние најважните: го поддржува здравјето на срцето и целиот кардиоваскуларен систем, помага во контрола на телесната тежина, превенира создавање на камења во бубрег, го намалува ризикот од канцер, го подобрува дигестивното здравје…




Сигурно може да се додадат уште многу други полесни својства на овој список, па затоа, лимоните треба често да бидат застапени во исхраната на човекот. Затоа овојпат со читателите на НМД ќе го споделиме наједноставниот метод за одгледување на лимони од семка, според советите на искусните градинари. Линкот со постапката од видеото можете да го најдете подолу во текстот.




ПОСТАПКА: Извадете семки од неколку лимони кои ви се чинат најздрави и неоштетни. Семките треба да бидат полни, обвиени со тенка слузава обвивка која едвај се забележува и да немаат траги од ножот кои се случуваат при засекувањето на лимонот.




Семките ставете ги во чаша вода на собна температура. Добро промешајте и оставете ги 10-тина минути. Потоа фрлете ја таа вода, а семките истурете ги на парче тоалетна хартија или некоја друга мека хартиена салветка. Одозгора поклопете ги со друга салветка и убаво натапкајте ги за да се извлече сета влажност од нив.




Потоа земете банана и направете дупчиња (до половина) на растојание од 1,5-2 см. Внимателно со помош на пинцета или прсти, во секое дупче ставете по една семка, со острата страна надолу, а со заоблената надолу (семките од лимонот имаат облик на солза).




Вака подготвените банани засадете ги плитко во саксија со хумусна земја и наводнете ги со распрскувач. После пет дена ќе ги забележите првите зелени ливчиња. После десет дена ќе се оформат и тенки зелени стебленца со должина од 3-4 см, па тогаш можете и да ги пресадите.




Нема да згрешите и доколку секое семче го „посадите“ во парче банана, па подоцна ќе нема потреба од пресадување, туку секоја нова билка ќе продолжи да се развива и да ги користи минералите од бананата која постепено ќе се разградува во почвата.




Бидејќи сè уште се млади билките, потребно е да им направите „стаклена градина“ на следниот начин: испрскајте една проѕирна кеса од внатрешната страна, а потоа поставете ја врз саксијата, како капа.

После еден месец ќе добиете силни млади билки, а после два месеци веќе ќе можете да ги пресадите во поголеми саксии. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.