Сочниот, освежувачки домат полн со ликопен го сакаат речиси сите и се смета за безбедна и многу здрава намирница, но доматот всушност може да има некои лоши несакани ефекти за кои треба секој да се информира. Доколку ги имате следните здравствени проблеми, препорака е да не ги конcyмирате доматите во било каква форма.




Доматите имаат одредени лековити својства. Тие имаат ниска калориска вредност, што е препорачливо во најголемиот број на диетални начини на исхрана, а посебно кога станува збор за слабеење. Го зајакнуваат имунитетот и се добри како помош во бор-бата против инфекции.




Покрај тоа, доматот е идеален природен помошник во лекувањето на астма, егземи и кардиоваскуларни болести. Некои истражувања покажале дека доматот е најделотворен како сок, при што најизразени својства во овој случај се: забрзување на метаболизмот и спречување на тромбоза.




Доматот е силен антиоксиданс и благодарение на ликопенот, ова растение се вбројува во најефикасните бор-ци против кан-церогените заболувања. Го штити телото од слободните радикали и од предвремено ста-реење. Меѓутоа, доматот си има и своја темна страна. Еве кај кои болести не се препорачува негова конcyмација:




Гастричен рефлукс. Доматите спаѓаат во многу кисели намирници и затоа можат да предизвикаат ждригавица кај луѓе кои стра-даат од гастритис или гастроезофагеален рефлукс. Дури и ако сте потполно здрави и не стра-дате од овие стомачни проблеми, ако јадете премногу домати или сос од домати, би можеле да ги искусите овие непријатни симптоми.




Б олки во зглобовите. Верувале или не, премногу домати во исхраната може да предизвикаат б олки во зглобовите! Причината за оваа состојба е алкалоидот наречен соланин, кој гради калциум во ткивата, а се содржи во големи количини во доматите. Премногу калциум во ткивата може да предизвика воспаление, б олка и оток во зглобовите.




Проблеми со бубрезите. И ова има врска со складирање на калциум. Доматите исто така се богати со оксалат, супстанција која тешко се метаболизира кога се зема премногу и тоа може да резултира со формирање на камења во бубрезите.




Црвеното сочно овошје, исто така, содржи многу калиум, што исто така може да влијае врз функцијата на бубрезите. Ако веќе имате некои проблеми со бубрезите, бидете особено внимателни!




Алергиски реакции. Доматот содржи соединение хистамин кое му помага на имунолошкиот систем да се б ори против вирусите и бактериите. Можеби не би поверувале колку е честа појавата на алергиска реакција од хистамин во доматите, но реално се случува и обично се јавува во форма на осип или оток на јазикот и некои други непријатни симптоми. Луѓето на кои им е дијагностицирана алергија на домати чувствуваат многу потеш-ки тегоби.




Синдром на нер-возни црева. Ако стра-дате од синдром на нер-возни црева, доматите можат да бидат поттик за симптоми како што се дијареа, б олни грчеви, надуеност, гасови и запек. Во овој случај, подобро е да се држите подалеку од киселата храна како што се доматите.




Уринарни проблеми. Храната богата со к иселина, како што се доматите на пример, може да го иритира мочниот меур. Ако стра-дате од уринарна ин-континенција или сте склони кон други уринарни проблеми, најдобро е да избегнувате кисела храна. Готвењето на доматите исто така нема да ви помогне во овој случај, бидејќи сосот од домати и кечапот се уште полош избор од сировите плодови.