Една чаша свежо иседен сок може да замени неколку порции овошје – тврди познатата нутриционистка од Русија.

Концентрацијата на витамини и минерали во една чаша свежо исцеден сок е многу поголема отколку истата количина овошје и таа заменува неколку порции свежо овошје дневно – вели руската нутриционистка Јулија Чехонина од Сојузниот истражувачки центар за исхрана, биотехнологија и безбедност на храна.

Таа за руските медиуми говореше токму за модерните цедени сокови, колку и зошто се добри, а кога можат да бидат штетни.

Дали е точно дека една чаша свежо исцеден сок содржи повеќе витамини отколку истото овошје?

-Да, концентрацијата на витамини и минерали во една чаша свежо исцеден сок е многу поголема во истата количина овошје, зеленчук или бобинки, бидејќи за приготвување на една порција сок е потребна поголема количина плодови. Барем 2-3 пати повеќе или дури и повеќе.

Ако во сокот ставете и влакна, односно ја содржи и пулпата на овошјето, тогаш, природно, благодетите ќе бидат уште поголеми. На пример, 100 г портокал содржи 67% од дневниот потребен внес на витамин Ц. Еден плод тежи приближно 100-150 г, а доколку за приготвување на сокот се користат 2-3 плода, тогаш потребниот дневен внес на витамин Ц дури ќе биде и надминат.

Истото се однесува и за другите витамини и минерали кои се содржат во овошјето. Во една порција од моркови или домати се содржи голема количина на каротеноиди. Во првата порција – бета-каротен, а во втората – ликопен. Содржината на ликопен во една чаша доматен сок може да достигне дури до 400% од потребниот дневен внес.

Во ова нема ништо опа сно. Но, затоа е доволна една порција свежо исцеден сок дневно. Односно една чаша. Позната е препораката да се консумираат 5 порции овошје и зеленчук дневно. Значи, неколку порции може да саменат со една чаша свежо исцеден сок.

Што ако пиеме многу свежо исцеден сок дневно?

-Ако само повремено пиеме многу цеден сок дневно, тоа нема да предизвика никаква штета. Но, доколку тоа е секојдневна пракса и се консумира во неограничени количини, редовно, тогаш очекувајте „бумеранг“ ефект. Ако на пример, подолг период пиете сок од морков, тогаш ќе забележите жолтенило на кожата – каротеноид.

Покрај тоа, свежите сокови имаат лаксативен ефект. Ова е добро за оние кои имаат запек. Но, честопати од консумирање на преголеми количини на сокови се јавува и дијареа, што не е добро.

Дали е добро во соковите да се додава кокосово или бадемово млеко, овесна каша?

-Ако во свежо исцедениот сок додадете растително млеко кое содржи и масти, тогаш компонентите на сокот кои се липосолубилни ќе се растворат и подобро ќе се апсорбираат во организмот за 30%. Ова главно се однесува на каротеноидите. Тоа се бета-каротен и ликопен кои најмногу ги има во морковите и доматите.

Покрај тоа, ваквите растителни пијалаци можат да го подобрат вкусот на сокот (ако некому му се допаѓа, зошто да не). Со додавање на овесна каша ќе ја зголемите содржите на растителни влакна во сокот, што е исто така, многу добро. Освен тоа, еден од принципите на здравата исхрана е разновидноста.

Мешаните сокови по состав се поволни за организмот. на пример, мешавина од јаболко и морков… Повеќе видови овошје во чаша сок, ќе му даде подобар витамински и минерален состав на пијалакот.

Кога е најдобро да се пие свежо исцеден сок?

Ако сакате да го извлечете максимумот, најдобро е да го консумирате свежо исцедениот сок во рок од 15-20 минути од подготовката. Под влијание на светлината, кислородот и спопствените ензими, хранливите материи започнуваат да се распаѓаат.

Што се однесува до периодот на денот, најдобрата опција е наутро и во првата половина од денот. Благодарение на присуството на витаминот Ц, полифенолните соединенија и органските киселини, свежиот сок ќе ви помогне да се развеселите и освежите.

Какви сокови треба да пијат дијабетичарите и дебелите луѓе?

-Оние кои имаат дијабетес или имаат вишок килограми, би требало да се фокусираат на соковите од зеленчук. А доколку сакаат свежо овошје, тогаш нека го одберат она кое содржи помалку шеќер, или послаткото овошје да го комбинираат со зеленчук.

На пример, од слатки и кисели јаболка можете да напрвите сок, а во нив да додадете морков или целер. Вкусот ќе се збогати, додека содржината на шеќерот ќе биде ниска.

Дали во цедените сокови треба да се ставаат и семки и лушпа, на пример лушпа од јаболко?

-Семето и лушпата на плодот спаѓаат во непрехрамбени делови, па не се препорачуваат за консумација. Ако влезат во сокот, нема да се случи ништо лошо, но не се обидувајте конкретно да го консумирате семето, вклучително и семето од грозјето, во надеж дека сте го зеле најкорисниот дел.

Да, од семките се добива масло на посебен начин, а маслото од семките од грозје е исклучително здраво. Но, подобро е да го користите готовото масло отколку да се обидувате самостојно да го извлечете од семките. А, сите семки и лушпи не се корисни, особено од овошјето кое било прскано со пестициди.

Дали диетите базирани на цедени сокови се здрави?

-Соковите секако се корисни, но со нивните својства не треба да се претерува. Диетата не смее да се состои само од цедено овошје и зеленчук. Тоа не е оправдано на подолг рок, бидејќи на нашето тело секојдневно му се потребни и останатите компоненти и групи храна, вклучително протеини и масти кои ги нема во соковите – заклучува Јулијана.