ЈОГУРТНИ УШТИПЦИ КАКО БАЛОНЧИЊА: За 15 минути се готови и можете да ги јадете…Можете да ги правите празни или да ги полните со сирење и фил и по ваш избор. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл, мала чаша од 100 мл):
1 мала чаша кисело млеко/к.павлака/цврст јогурт
1 јајце
1 лажичка сол
1 кесичка прашок за печиво (10 г)
2 чаши брашно
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад измешајте го јајцето со киселата павлака, солта и прашокот за печиво.
2.Откако добро ќе се изедначи започнете постепено да го додавате брашното.
3.Кога ќе згусне во тестото додавајте по сосема малку брашно и месете го со рака додека да стане еластично и нелепливо за рака. Поделете го на два дела (за полесно да се работи) и обликувајте топчиња.
4.Со мала чаша вадете тркалца. Остатокот од тестото соберете го и повторно замесете го, развлечете го во кора и од него вадете тркалца додека сето да се потроши.
5.Секое тркалце филувајте го си ситно сирење/урда или фил по желба и затворете го добро за да не излегува филот при пржењето.
6.Повторете ја постапката и со останатото тесто, а по желба крукчињата оставајте ги празни.
7.Пржете ги во масло загреано на умерена температура, а кога ќе се подујат и заруменат од едната страна, свртете ги и пржете кратко и од другата страна.
8.Па, вадете ги врз чинија обложена со хартиена салветка. Послужете ги со чаша јогурт и парче сирење. Постапката погледнете ја ОВДЕ.