I РЕЦЕПТ – Јогуртна торта со бисквити, без печење – за 10 минути готова. Брза и вкусна торта со јогурт, од неколку состојки, готова е многу кратко време.

Потребни состојки: 500 мл јогурт, 200 г шеќер, 400 г бисквити, 1 ванилин шеќер, 2 банани.

За украсување: 1 шлаг, чоколадни трошки или нешто по ваш избор.

Постапка: Во еден поголем сад искршете ги бисквитите со раце, како ќе ви дојде, на крупно, па додадете го шеќерот, јогуртот и ванилиниот шеќер, Заедно измешајте ги добро состојките, за да можат бисквитите да го впијат јогуртот.

Обложете калап со алуминиумска фолија и убаво распоредете ја смесата да нема празнини. Оставете во фрижидер да се стегне.

Извадете ја тортата од калап заедно со фолијата, наредете банани пресечени по должина и одозгора декорирајте со шлаг и чоколадни трошки. Многу брзо, многу вкусно, многу едноставно….

II РЕЦЕПТЧОКО МОКО торта која се прави за 15 минути – едноставна и омилена на сите. Рецепт и видео прилог на Лејла Мурселовиќ од “Е-Кујна” – Чоко-моко торта со готови кори.

Многу брза, едноставна, е вкусна и декоративна торта која можете да ја послужите за секакви пригоди.

Верувам дека многумина ја правеле или барем ја јаделе оваа торта, но мене ми е омилена во последно време поради едноставноста на приготвувањето, буквално се прави за 15 минути – Чоко Моко торта со готови кори.

Потребни состојки: 800 мл (2х400 мл) слатка павлака, 700 г крем сирење Милерам или кисела павлака, 250 г шеќер во прав, 300 г мелени бисквити, 1 пакување готови кори (3 кори), 100 мл (2х50 мл) чоколадно млеко.

Постапка: Во два сада ставете по 400 мл слатка павлака и посебно изматете ги додека да добиете шлаг.

Во посебен сад изматете 700 г крем сирење (или кисела павлака) со 250 г шеќер во прав, па додајте и 300 г мелени бисквити и убаво изматете со миксер додека да добиете еднолична смеса.

Врз чинија за послужување ставете ја првата кора и рамномерно натопете ја со 50 мл чоколадно млеко. Кората премачкјате ја со половина од филот и убаво израмнете.

Врз филот од бисквити и маскарпоне рамномерно распоредете 400 мл изматена слатка павлака, а неколку лажици од шлагот оставете на страна за украсување на тортата.

Повторете ја постапката и со втората кора:

Нанесете ја врз шлагот, натопете ја рамномерно со 50 мл чоколадно млеко преку целата површина, филувајте со остатокот од кремот и на крај шлаг од слатката павлака (и овојпат оставете малку за украсување).

Поклопете со третата кора и целата торта премачкајте ја со шлаг и украсете по желба. Шлагот можете да го ставите во шприц, па да шарате со ѕвездест продолжеток.

Изладете ја неколку часови во фрижидер пред послужување. Сите детали од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.