ЈОГУРТЕН КОЛАЧ СО ЈАГОДИ: Изматете, прелијте и испечете – неодоливиот мирис се шири сè до кај соседите

Рецепт на Драгана Михајловиќ. Кога е сезона на јагоди би било вистинска штета да не го приготвите овој многу вкусен колач кој неодоливо мириса до кај соседите. Со малку состојки можете да направите колач-торта за кој сите ќе ви бараат рецепт. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО: 350 г сенаменско брашно, 50 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 1 кесичка ванилин шеќер (16 г), 1 прстофат сол, 100 г јогурт со висока масленост, 180 г путер омекнат на собна температура и исечкан на парчиња.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ПРЕЛИВ: 3 јајца, 150 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 70 г брашно, 300 г јогурт со висока масленост. И УШТЕ: 500 г свежи јагоди, испрани, исчистени и исечкани (може и малини или мешано бобесто овошје)




ПОСТАПКА: Во длабок сад најпрво измешајте ги сувите состојки: во 350 г брашно ставете 50 г шеќер, еден прстофат сол и една кесичка ванилин шеќер. Потоа додајте и една кесичка прашок за печиво па промешајте.




Во сувите состојки додајте 100 г јогурт и 180 г путер омекнат на собна температура. Доколку имате миксер со продолѓетоци за месење тесто, тогаш матете неколку минути додека да се соединат состојките.




Во спротивно, месете рачно, така што путерот ќе го соединувате со брашното провлекувајќи го низ прсти. На крај ќе добиете ровко тесто како трошки, кое иако ќе ви се чини дека се рони, сепак добро се замесува. Доколку земете малку тесто и го стиснете во дланката и тоа стане компактно како грутка, значи дека е добро.




Доколку се рони, тогаш додајте една или две лажици млеко и домесете го. Тестото малку доработете го врз работна површина, а потоа распоредете го на дното од калап за торти со флексибилен обрач 24 см, претходно обложен со хартија за печење.




Тестото рамномерно распоредете го на дното и подигнете го малку на ивиците. Израмнете со дното на некоја чаша. Земете виљушка и избоцкајте го тестото за поубаво да се испече. Потоа тестото ставете го во фрижидер да се стегне и олади половина час.




За тоа време пригответе го преливот: пенасто изматете три јајца, па започнете постепено да го додавате шеќерот и ванилата. Непрекинато матете додека јајцата да згуснат како крем, а шеќерот да се растопи.




Додајте го брашното и јогуртот, па продолжете со матење додека да добиете убава изедначена смеса без грутчиња. Во оладеното тесто распоредете ги јагодите, претходно измиени, исчистени и исечкани. Наместо јагоди може да додадете малини или мешавина од бобесто овошје.




Одозгора залијте со приготвениот прелив, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 190 степени околу 45-50 минути, но најдобро е да го следите печењето и да проверите со чепкалка. Печениот колач може да го декорирате со шлаг, нема потреба, прекрасен е таков каков што е. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

Претходна статијаПотопете 5 оревови прегради одвечер, а наутро сварете чај за слабеење и чистење на артериите
Следна статијаАКО ИМАТЕ ВИСОК ПРИТИСОК: Овие 2 намирници треба да ги јадете секој ден