Лесните летни колачи и торти се нешто што сите го сакаме, а ние ви предлагаме да приготвите „јогурт торта“ со малини или јагоди или некое друго овошје по ваш вкус.

Оваа торта се мати за 5 минути и не треба да се пече. Одлична е заненадејни гости, но можете да ја приготвите и за свечени пригоди, многу е вкусна. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 супени лажици + 2 мали лажички желатин во гранули/прав, 125 мл топла вода, 200 мл слатка павлака, 600 мл цврст јогурт или кисела павлака, 2 лажици екстракт од лимон (може и од ванила или по вкус), 250 г малини и уште малку за декорација.




ПОСТАПКА: Истурете го желатинот во подлабок сад, прелијте ја водата и добро промешајте за да не останат грутчиња. Смесата оставете ја на страна за малку да набубри, што е доволно додека ја изматите павлаката.




Во посебен сад изматете ја слатката павлака со миксер, сè додека да добиете цврст шлаг. Додајте го цврстиот јогурт или киселата павлака, па додајте две лажици екстракт од лимон. Промешајте полека со лажица или шпатула, добро додека да се изедначи смесата и да стане хомогена.




Згуснатиот желатин малку растопете го на пареа, добро промешајте го за да се подизлади (не истурајте топол желатин во смесата). Добро измешајте со лажица или шпатула, со превртување на смесата за да се сочува нејзината структура, односно да остане воздушеста.




Додајте ги малините, па промешајте за да се распоредат рамномерно. Може да користите и друго овошје по желба, како јагоди, шумско овошје, разни бобинки и сл. Доколку плодовите се поголеми и треба да ги исечкате на помали парчиња, тогаш најдобро е да ги испрскате со малку лимонов сок за да ја сочуваат бојата.




Калап со димензија на дијаметар од 18 см или 20 см обложете го со хартија на дното и страните (може да користите и проѕирна стреч фолија. истресете ја целата смеса внатре, рамномерно распоредете и израмнете.




Одозгора декорирајте со малини, а може на наросите и струготини од бело чоколадо, кокос и слично. Вака приготвената торта оставете ја во фрижидер да се лади околу 2 часа или повеќе. Деталите од постапката можете да ги погледнете ОВДЕ.