ЈАПОНСКИ РОЛАТ СО ЈАГОДИ: На посебен начин се матат белките и жолчките, а тестото е толку меко што не мора да се витка во влажна крпа

Јапонците се многу понапредни во однoc на остатокот од светот, во речиси сите области, па дури и во кулинарството. Па така, еден обичен „швајцарски“ ролат со јагоди, тие умеат да го претворат во совршен десерт од кој секој ќе побара уште едно парче.




Всушност, рецептот е многу едноставен, но содржи неколку трикови со кои се постигнува врвен резултат. На пример, јајцата не ги матат одеднаш заедно со шеќерот, туку одделено белки и жолчки, а при соединувањето користат една многу интересна техника. Ако сте заинтересирани, проследете го рецептот. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за плех со средна величина): 40 мл слатка павлака, 40 мл растително масло, 40 г сенаменско брашно, 4 жолчки, 4 белки + 40 г шеќер, 150 мл слатка павлака или крем по ваш избор и 10-тина јагоди (колку што собира во еден ред)




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете 40 мл слатка павлака и 40 мл обично масло, па со жица маталка изматете додека да се соединат состојките. Потоа додајте 40 г просеано брашно и повторно измешајте за да добиете мазна, хомогена смеса без грутчиња.

Настрана од четири јајца одвојте ги посебно белките, а жолчките додавајте ги во смесата. Измешајте додека тие целосно да се инкорпорираат и да добиете убава, мазна смеса.




Белките пенасто изматете ги, па постепено додајте 40 г шеќер, а пред крајот додајте и една мала лажичка лимонов сок. Изматете додека да добиете убав кремозен снег. Половина од снегот од белки додајте го во мешавината од жолчки и нергично промешајте со маталката за да се соедини.




Оваа мешавина додајте ја во остатокот од шамот (снегот од белки), но овојпат мешајте нежно и внимателно, со лажица или шаптула, за да остане смесата воздушеста и пенлива. Тестото излејте го во плех претходно обложен со хартија за печење. Користете плех со средна величина.




Израмнете ја смесата и рамномерно распоредете ја, а плехот неколкупати потчукнете го од масата за да излезат евентуалните воздушни меурчиња и да се пополнат празнините. Ставете да се пече во загреана рерна на 160-170 степени околу 25 минути или во зависност од рерната.




Печената кора излегува многу мека и воздушеста иако не содржи прашок за печиво, токму поради начинот на кој се матат јајцата. Кога че се испече извадете ја од рерна, оставете ја неколку минути да подизлади, па превртете ја врз друго парче хартија, одозгора потиснете ја со плехот и оставете да се лади.




Кога ќе се олади кората, премачкјате ја преку цела површина со изматен шлаг, слатка павлака или нешто по ваша желба, па внимателно со помош на долната хартија свиткајте го ролатот. Вака спакуван ролатот оставете го да отстои во фрижидер еден час, а потоа можете да го сечете и да послужите.

Претходна статијаКога ќе ме прашаат кое слатко е најубаво – јас им велам: Се разбира, македонското слатко од смокви, најубавото што постои во светот
Следна статијаЌерка ми го обожава, го прави сама за 15 минути, а вчера гостите ми рекоа дека е преубаво